Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Франција.
ПОБЕДНИЦИ
Чарлс Леклер, П1: "До ова попладне, беше доста тежок викенд за мене. Се борев со балансот и знаев дека при ваква жештина ја плаќаш цената за најмалата грешка затоа што ти се прегреваат гумите."
"Денеска се чувствував добро додека го возев последниот круг во Q3. Карлос ми даде убава заветрина, што ми помогна да имам поголема разлика и да ја осигурам Пол позицијата. Ова беа добри квалификации со одлична тимска работа."
"Нашите конкуренти се исклучително силни. Се чини дека тие ја имаат предноста во тркачкото темпо, но убеден сум дека ќе можеме да им парираме и се надевам дека ќе го задржиме првото место."
Ландо Норис, П5: "Многу добар ден за мене. Пред почетокот на квалификациите се прашувавме дали воопшто ќе стигнеме до Q3, бидејќи некако заостанувавме премногу во однос на брзината."
"Генерално, сум задоволен, сакам да кажам дека мојот круг во последната сесија беше навистина добар.
По ваков круг, се чувствувам како да сум ја освоил Пол позицијата!"
"Во секој случај, тимот заврши добра работа и исто така се обидов да го извадам максимумот од болидот, па утрешната трка ќе ја започнеме од најдобрата можна позиција."
Луис Хамилтон, П4: "Задоволен сум од мојот круг и мојот настап на крајот на Q3, тоа беше добар круг. Но, од некоја причина, овој викенд се чини дека сме многу подалеку, како и сите останати од групата која е во потера на најдобрите."
"Двата најбрзи тима, според нивните перформанси, се во сосема друга лига. Не сум сигурен зошто разликата се зголеми во однос на Австрија. Со оглед на тоа што го пропуштив Т1, навистина сум среќен со напредокот што го постигнав."
"Денеска на последниот тренинг направивме чекор назад, но успеавме да направиме пресврт. Сè уште сме ни ваму, ни таму, сите зад нас, исто така се мачат, па ние само ќе продолжиме да се бориме."
ГУБИТНИЦИ
Пјер Гасли, П16: "Исклучително сум разочаран што ја пропуштив Q2 сесијата за неколку стотинки на мојата домашна трка. Вчера ми беше исклучително удобно во болидот со пласман во Топ 10, но денес не можев да ги испорачам истите перформанси"
"Не бев конкурентен во квалификациите, едноставно не бев доволно брз, а во моментов не знам зошто. Возев чисти кругови, но болидот многу се лизгаше во сите бавни свиоци. Утре е нов ден, па ќе излеземе со поинаква стратегија."
"Денот на трката носи многу можности и нема што да загубиме, па ќе се обидеме да се опоравиме. Ќе биде тешка и долга трка, за сите, но се надевам дека ќе успееме да испорачаме добар резултат. Неверојатно е чувството да се тркаш пред домашната публика."
Мик Шумахер, П19: "Тоа е правило, важи за сите и за жал ја надминав границата, но дефинитивно тоа е нешто за што треба да се поразговара. Условите се доста тешки, топло е, но од друга страна тоа може да донесе можности бидејќи луѓето можат да направат грешки."
"Предизвикот е да се има чиста трка и да се грижите за гумите колку што е можно повеќе. Мислам дека имаме потенцијал да напредуваме на утрешната трка и тоа е она кон што се стремиме."
Џоу Гуанју, П18: "Со оглед на тоа како се подготвивме за квалификациите, дефинитивно очекував повеќе. На крајот, цела Q1 сесија помина во борба со болидот, кој што не беше идеален, недостатокот на грип беше големо изненадување, а тоа ме спречи да имам подобар резултат."
"Згора на тоа, направив неколку грешки во вториот сектор за време на мојот прв круг, а за малку ќе го изгубев болидот во шестиот свиок при вториот. Нестабилноста на задниот дел беше фрустрирачка, и ќе мораме да го истражиме тоа."
"Мислам дека таму каде што сме, не е онаму каде што требаше да бидеме денес. Менаџирањето со гумите ќе биде тешко, но сметам дека ќе има многу можности за нас. Главната цел, како и секогаш, е да се доведат двата болиди во бодови."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ НА ПОЛ РИКАР
7/23/2022 08:58:00 PM
0
Share to other apps