Само неколку места во календарот го отелотворуваат духот на Формула 1, а едно од нив секако е патеката Силверстоун. Британската патека е местото каде што се започна во 1950-тата година со одржување на првата трка во историјата на модерната ера на Формула 1 Шампионатите.
Патеката сега со главното обележје во форма на авионско крило на стартно-целниот правец, не е ни малку слична на трускавиот аеродром на кој се одвиваше инаугуративната трка, но сепак останува чувството дека сте на посебно место.
Силверстоун останува домаќин на Големата Награда на Британија до 1954 година, кога го дели настанот со Ајнтри од 1955-1962 година, а од 1963-1986 со Брендс Хеч. Од 1987 година па наваму Силверстоун е единственото место за одржување на овој настан.
Силверстоун е брзa, флуидна пaтека која e комбинација од брзи свиоци на почетокот и голем број на бавни свиоци кон крајот на кругот. Maggots, Becketts and Chapel се издвојуваат како едни од најсложените комбинациии на свиоци во шампионатот.
Силверстоун е широка патека со многу место за излетување околу повеќето свиоци, така што ризикот за излегување на безбедносното возило е минимален. Згора на тоа, маршалите покрај патеката се рангирани меѓу најдобрите во светот, па повеќето инциденти се расчистуваат брзо и ефикасно.
Постојат многу брзи свиоци кои овозможуваат одлични можности за претекнување. Возачите можат да пренесат многу брзина во нив, но, исто така, и да се движат по различни линии при нивното поминување и при излезот, што во суштина е она што доведува до претекнување.
Либерти медија уште со купувањето на Формула 1 најави премин кон нови правила кои треба да го олеснат претекнувањето, т.е. зголемување на атрактивноста на трките и привлекување нова публика. Престигнување по секоја цена!
Најпрво, преминот кон новите правила беше планиран за 2021 година, а потоа поради пандемијата беше одложен за 2022 година. Поминаа девет трки од дебито на новите болиди, а пред десеттата можеме со сигурност да кажеме дека целта не е постигната, и тоа се по вина на Ред Бул.
Да, возачите полесно ги следат своите конкуренти, но претекнувањата не се зголемија драстично. Гласините велат дека во Либерти Медија не се баш најсреќни. Новите правила скапо ги чинат тимовите, со ограничен буџет се принудени да го ограничат развојот на болидите, а ако нема напредок, нема интриги.
Не е ни чудо што опадна медиумската активност на архитектите на новите правила, Рос Браун и Пет Сајмондс. Тие веќе не се појавуваат толку често во медиумите. Овогодинешната борба имаше најава да биде супер интересна, но... Се промени односот на силите, но откако Мерцедес АМГ отпадна од борбата за врвот, Формула 1 повторно стана театар на еден актер.
Макс Ферстапен одлично си ја врши работата, доминира самоуверено и е речиси беспрекорен. Ред Бул има одличен болид, Њуи уште еднаш докажа дека е најдобар во менувањето на прописите. Не е се завршено, но додека ривалите се стремат да ги стигнат, тимот има големи шанси да ги освои двете шампионски титули.
Патеката Силверстоун е слична на Каталуња, речиси сите тимови подготвија надградби на своите болиди, но се тоа резултира со минимални промени со соодносот на силите. Квалификациите се интересни, затоа што за Пол позицијата се борат 4 возачи, но трките останаа релативно досадни. Ферари никако не може да парира на Ред Бул во тркачко темпо, па наместо потенцијална борба за победа, има голема веројатност да се бори со Мерцедес АМГ, чиј болид се враќа кон врвот.
Британското Гран При отвора долга серија европски трки, кои ќе завршат во Монца во средината на септември. Сега Верстапен води со 46 поени пред својот тимски колега Серџо Перез и 49 поени пред главниот противник од Ферари, Чарлс Леклер. Разликата е голема, па судбината на титулата можеби ќе ја реши втората домашна трка за Ферари. Но, прашање е дали Ферари ќе може да наметне борба за некоја од титулите?
Трката за Големата Награда на Британија, која се состои од 52 круга, од стратегиска гледна точка на Пирели ќе биде со две застанувања за промена на пневматиците, со неколку различни опции во игра.
Жолтите гуми ќе бидат преферирани за старт на трката, а најбрзата стратегија на ќе биде следен стинт на белите гуми и завршен стинт повторно на жолтите гуми. Оваа варијанта ја има предноста бидејќи обезбедува употреба на две различни смеши порано во трката, што отвора стратешки можности.
За оние кои немаат втор сет на жолти гуми на располагање, стратегијата би можела да биде жолти-бели-црвени, што исто така е лесно остварливо и може да се претвори во стратегија со едно застанување доколку е потребно.
Можно е варијанта со едно застанува во бокс, но менаџирањето со гумите ќе биде потешко остварливо. Таа би била жолти, па бели гуми.
Како и секогаш, стратегијата зависи и од тоа кои гуми им се преостанати на возачите, и какви ќе бидат временските услови. Трката се очекува да помине на сув асфалт, но постои минимален ризик за врнежи од дожд. Колку се пониски температурите, толку повеќе се фаворизираат помеките смеши.
Марио Изола, Пирели: "И покрај тоа што интермедија гумите не се дизајнирани да се справуваат со ситуации на аквапланинг, тие се покажаа во добро светло на квалификациите, дозволувајќи им на возачите да достигнат скоро 300 км на час во влажни услови и релативно долги стинтови, додека површината се суши."
"Ова е патека која внесува многу енергија низ гумите, овозможувајќи брзо да се појави сува линија. На сув асфалт, повеќето возачи ги користеа црвените гуми, па затоа се очекува жолтите да бидат главен избор за трката. Најдобра стратегија ќе биде со две застанувања во бокс."
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА БРИТАНСКОТО ГРАН ПРИ
7/03/2022 11:59:00 AM
0
Share to other apps