Николас Латифи, со последниот брз круг, го забележа најбрзото време на саботниот тренинг. Канаѓанецот го победи Чарлс Леклер за шест десетинки, а Алекс Албон кој беше трет го заокружи добриот настап на сесијата за тимот на Вилијамс.
По вчерашната доминација на Ферари на сув асфалт, овој ден започна со сосема поинакво сценарио, утринава на Хунгароринг имавме силен дожд, па третиот тренинг започна со целосно влажен асфалт.
Возачите на Ферари први излегоа на патеката, со сините гуми на Пирели за дожд, а по седум минути Алонсо беше првиот што стави интермедија гуми. Сесијата на вакво време логично помина со грешки и излетувања, но широките безбедносни зони овозможија да се избегне оштетување на болидите, а возачите беа внимателни.
Подоцна, дождот се засили и возачите се вратија во боксот, чекајќи да се подобри времето. Немаше смисла да се работи во такви услови, кога прогнозата ветува дека трката ќе се одржи на сува патека, а сериозни врнежи не се очекуваат пред квалификациите.
Макс Ферстапен и Серџо Перез ја пропуштија првата половина од сесијата. Кога дождот намали возачите се вратија на патеката. Следуваа извртувања на патеката на Пјер Гасли и Чарлс Леклер бидејќи асфалтот се сушеше, но не беше нити за гуми за дожд, нити за интемедија.
Во 50-тата минута, сесијата беше прекината кога Себастијан Ветел во 10-от свиок ја загуби контролата над задниот дел од болидот, се изврте и удри во заштитната бариера покрај патеката.
Шест минути подоцна, возачите можеа да продолжат. Патеката беше речиси сува, и со секоја наредна минута времињата се подобруваа.
Со останати само четири минути до крај, последни на патеката излегоа возачите на Вилијамс, па како резултат на тоа, за прв пат во кариерата, најбрзото време на официјална тренинг сесија го забележа Николас Латифи.
Сепак, времињата на овој тренинг немаат никаво значење за фаворитот на денешните квалификации, кои на програмата се закажани за 16:00 часот.
НИКОЛАС ЛАТИФИ И ВИЛИЈАМС НА ВРВОТ
7/30/2022 02:27:00 PM
0
Share to other apps