Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Унгарија.
ПОБЕДНИЦИ
Џорџ Расел, П1: "Јас сум во облаци и апсолутна екстаза. Вчера имавме катастрофален ден и веројатно најлошиот петок во сезоната. Синоќа, тимот работеше толку напорно и успеавме да направиме голем чекор напред."
"Во Формула 1 има толку многу мали финеси и кога ќе влезете во тој совршен прозорец, вашиот болид едноставно лета. Денес тоа ни успеа да го направиме. Не знаевме во која насока да одиме, но во последниот круг кога ја поминав целната линија, погледнав во екранот и видов дека сум П1, што беше толку неверојатно чувство."
"Треба да го разгледаме нашиот денешен настап и да разбереме од каде доаѓаат перформансите. Имаме неколку идеи, но сè уште не ги разбираме целосно. Овој резултат е навистина огромен успех за сите нас. Утре ќе дадеме се од себе за да имаме одличен ден."
Карлос Саинц Јр., П2: "Не сум многу задоволен од конечниот резултат бидејќи чувствувам дека можев да направам подобар круг во последниот обид. Сепак, претпочитам да се фокусирам на позитивните нешта."
"Ние сме во добра позиција, цел викенд се чувствував одлично во болидот и продолжуваме да правиме чекори во вистинската насока. Убеден сум дека можеме да го пренесеме во трка доброто темпо од петочните тренинг сесии."
"Честитки за Џорџ за неговaта прва Пол позиција. Тој направи многу добар круг и со нетрпение ја очекувам утрешната битка."
Ландо Норис, П4: "Многу добра стартна позиција, за која не ни помислив дека можеме да ја освоиме, но, кога П4 беше послужен на тацна, сигурно нема да ја одбијам!"
"Многу добра работа од страна на тимот, и сме пред момците пред кои сакавме да бидеме. Тоа беше добар круг, па јас сум задоволен. Мислам дека не можеше да биде многу подобро, па ќе се обидеме во исто темпо да продолжиме и на трката."
ГУБИТНИЦИ
Макс Ферстапен, П10: "Не знам точно што се случи, излегов од боксот и болдиот немаше моќност, не можевме да направиме ништо. Пробавме се што можевме додека бев на патеката, се надевам дека се ќе може да се поправи."
"Фрустрирачки е да се стартува од П10, по толку позитивни квалификации, изгледавме конкурентни и имавме добро темпо. Иако имаме бодовна предност, секогаш сакате да започнете напред."
"Овде на Хунгароринг е тешко да се престигнува и да поминете низ сообраќајот, така што ќе мора да бидеме трпеливи. Утре дефинитивно ќе биде интересно."
Серџо Перез, П10: "Квалификациите не поминаа според очекувањата. Морав да користам втор сет на гуми во Q2 бидејќи мојот прв круг беше избришан, потоа стјуардите го вратија времето, но тоа веќе влијаеше на нашата сесија."
"Беше малку чудна ситуација. Кога тргнав повторно, Кевин се најде пред мене во вториот свиок, па изгубив неколку десетинки, бидејќи морав многу широко да поминам низ свиокот и потоа не можев да се соземам во остатокот од кругот."
"За жал, не можев да направам ништо повеќе. За мене ова беа лоши квалификации, и во моментов немам добро чувство во болидот. Сепак, утре треба да биде подобро, треба да имаме подобро темпо и се надевам дека ќе можеме да се опоравиме за да освоиме солидни поени."
Чарлс Леклер, П3: "Ова беше лоша сесија. Гумите беа многу незгодни во овие услови и се борев да ги доведам во вистинскиот работен прозорец, особено во Q3."
"Брзината е тука и знаеме дека имаме уште многу работа. Убеден сум дека утре ќе бидеме посилни.
Му честитам на Џорџ за неговата прва Пол позиција, таа секогаш е посебна!"
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО УНГАРИЈА
7/30/2022 09:54:00 PM
0
Share to other apps