За време на трката во Франција, Карлос Саинц Јр. се бореше со Серџо Перез за третото место. Во најкритичниот момент од борбата тркало до тркало, ТВ режисерот во директниот пренос ја емитуваше тимската радио комуникација на Саинц Јр. со својот инженер, кој го повика да влезе во бокс.
По трката низ медиумите се слушаа критики против стратегистите на Ферари, чија основна поента беше дека во тој момент од трката беше невозможно да се повика Карлос во боксот.
Денес, прес-службата на Ферари излезе со објаснување, кое го даде главниот стратег на тимот, Ињака Руеда, кој објасни дека тие радио разговори биле емитувани со задоцнување.
"Тимската радио комуникација со возачите во ТВ преносите се емитува со задоцнување. Совршено знаевме за битката помеѓу Перез и Карлос. Во претходните круга видовме дека Карлос не може лесно да го претекне Перез, па во десеттиот свиок контактиравме со него и го повикавме во боксот."
"Сепак, тој веруваше дека може да го претекне Перез во следниот круг, па одговори: - Ве молам, не сега. Не во овој круг. Нашите разговори влегоа во телевизискиот пренос во 15-от свиок, веднаш откако возачите го поминаа влезот во боксевите."
"Контактирањето со возачот толку доцна нема смисла, бидејќи тој едноставно нема време да одговори на нашето барање."
Руеда додаде дека Саинц Јр. немаше да стигне до целта без втор пит-стоп.
"За да го направи ова, тој ќе требаше да вози 35 круга на жолтите пневматици, а според нашите пресметките, тие немаше да преживеат повеќе од 25 кругови. Плус, кога ќе го изгубеа грипот, немаше шанса да се одлепи од Перез и Џорџ Расел на пет секунди за да ја надомести казната за небезбедно излегување на патеката по првиот пит-стоп."
"Како резултат на тоа, Ферари ја избра загарантираната опција со петто место и дополнителен бод за најбрз круг во трката. За нас, очигледно 5-тото место и дополнителниот поен беше многу подобра опција, отколку голема веројатност за незавршување на трката и со вториот болид."
ГЛАВНИОТ СТРАТЕГ НА ФЕРАРИ СО ОДГОВОР ДО КРИТИЧАРИТЕ
7/27/2022 10:32:00 PM
0
Share to other apps