Формула 1 карванот пристигна во Австрија за единаесеттата трка од 2022 сезоната и втора во спринт формат. По дождливата ноќ, првиот тренинг започна на сочево време, но со силни налети на ветер
По феноменалниот викенд во Силверстон, битката продолжува на Ред Бул Ринг, само пет дена подоцна. Макс Ферстапен и Ред Бул освоија три од последните четири трки за Австриското ГП и ќе имаат голема поддршка од публиката на нивната домашна трка.
Едночасовниот петочен тренинг е единствениот пред квалификациите и особено важен. Требаше да се одлучи за поставките на болидите, да се работи со гумите, бидејќи по квалификациите нема да може ништо да се смени на него до стартот на трката.
Возачите веднаш побрзаа да излезат на патеката и за првата серија кругови сите ги избраа жолтите гуми. Албон веднаш се врати во боксот без да го комплетира круг.
Во текот на ноќта, Вилијамс го прекрши полицискиот час за да го поправа својот болид оштетен по несреќата во Силверстоун, а на патеката веднаш забележаа проблеми со телеметријата и побараа од возачот да се врати. По проверка, тој повторно замина во акција.
Во Астон Мартин, Ленс Строл возеше два круга и се врати во боксот за поправка на ДРС-системот кој не работеше. Серџо Перез и Валтери Ботас имаа излетување низ чакалот покрај четвртиот свиок, Хамилтон во првиот.
За Мекларен тренинг сесијата беше неуспешна. Во 20-тата минута Ландо Норис по наредба од боксот застана на патеката. Се појавија црвените знамиња, а неговиот болид мораше да се отстрани од патеката.
Утринава Ландо Норис доби нова погонска единица, но имаше проблеми со неа. Во соседната гаража, Мекларен работеше долго време на ДРС-системот на болидот на Рикиардо. Проблемот беше решен, но Австралијанецот изгуби многу време.
По втор пат тренингот беше прекинат за да се отстрани остаток од непознат предмет на тркачката линија на излезот од шестиот свиок, еден вид на пластична лента од рабниците. Еден од маршалите ја заврши потребната работа.
Ферстапен овој викенд влегува со 34 поени предност пред тимскиот колега Перез во шампионатот за возачи, а Ред Бул моментално има предност од 63 поени пред Ферари во шампионатот за конструктори.
Ферари победи на минатата трка по подолга пауза. Пред Силверстоун, тие си поставија цел да се обидат да ја намалат разликата со Ред Бул во двата шампионати пред летната пауза. Победа овде на домашната трка на нивниот ривал би ги зголемиле нивните шанси.
ФИА ја потврди замената на елементи на ПЕ на четири болиди.
Валтери Ботас доби целосно нова Ферари ПЕ, веќе четврта во текот на сезоната, што значи дека ќе биде казнет и ќе стартува последен во недела.
Меѓу дозволените се замени се трета Мерцедес ПЕ за Мекларенот на Ландо Норис, потоа Чарлс Леклер доби втор сет на акумулатори за ЕРС-системот, Џоѕ Гуанју доби нова компјутерска единица.
Покрај тоа, Норис, Ботас и Шумахер добија нов издувен систем.
На почетокот од овој викенд четири тимови пријавија измени на своите болиди за Големата Награда на Австрија.
РЕД БУЛ
Каросерија над ПЕ - Подобрување на протокот на воздух, нови отвори за ладење над страничните отвори за воздух.
Под - Направено е ревизија на геометријата на предниот дел на подот за поефикасна работа при секоја висина на болидот.
Преден дел - Ревизија на заштитата од прегревање на сопирачките, согласно потребите на Ред Бул ринг.
МЕКЛАРЕН
Заден дел - Модификација на каналите за ладење на сопирачките што би требало да резултира со подобра аеродинамика и ладење на сопирачките.
Задно крило - Скратување на најгорниот дел од задното крило за подобри севкупни перформанси.
АЛПИН
Задно крило - Ревидирано, во споредба со претходната верзија, го намалува севкупниот отпор, со зголемување на потисната сила.
ВИЛИЈАМС
Предна амортизација - Ревидирана за да се подобри протокот на воздух, и подобрување на протокот кон задниот дел на болидот.
Денес на патеката Ред Бул Ринг се одржа состанокот на Комисијата на ФИА за Формула 1, на кој се разговараше за новата Техничка Директива поврзана со вертикалните осцилации на болидите од новата генерација при големи брзини и ситуацијата околу ограничените буџети, кои што голем број тимови едноставно не можат да ги исполнат. Некои тимови инсистираат на зголемување на буџетите, други не се согласуваат со ова.
На овој состанок се донесе одлука за зголемување на ограничените буџети за 3.1% поради неочекуваните трошоци предизвикани од инфлацијата.
Во однос на ТД која требаше да стапи во сила во Канада, па беше одложена за Франција, сега е одложена за Белгиското Гран При.
Покрај тоа, Комисијата требаше да одржи една од последните рунди на дискусија за прописите за моторите од новата генерација, но со оглед на краткото време за дискусија од само 2 часа потврдувањето на новите правила е оставено за наредна прилика.
Новата регулатива околу ПЕ треба да стапи на сила во 2026 година и треба да биде одобрена на состанокот на Светскиот совет за моторни спортови во октомври, но на ова и претходи сериозна прелиминарна работа и таа треба да се изврши однапред. Клучно е документот треба да се состави пред крајот на летната пауза.
Од одобрувањето на новите прописи зависи кога Порше и Ауди официјално ќе ги објават своите програми за 2026 година. Порше се подготвува за соработка со Ред Бул, а Ауди се подготвува за соработка со Заубер.
МАКС ФЕРСТАПЕН НАЈБРЗ, ЧАРЛС ЛЕКЛЕР ВЕДНАШ ЗАД НЕГО
7/08/2022 03:10:00 PM
0
Share to other apps