Карлос Саинц Јр. го забележа најбрзото време на петочните тренинг сесии за Големата Награда на Франција. Шпанецот го предводеше 1-2 пласманот на Ферари, а неговиот тимски колега беше само за десетинка од секундата побавен на втората позиција. Трет најбрз на патеката Пол Рикар беше Макс Ферстапен со заостанување од повеќе од половина секунда.
Возачите на Мерцедес АМГ беа еден чекор поназад, а изненадување е слабиот пласман на Серџо Перез, кој со болидот на Ред Бул не можеше да се искачи повисоко од 10-тата позиција.
Зад нив, најдобар од останатите беше Ландо Норис на шестата позиција, со Пјер Гасли на седмата и Кевин Магнусен на осмата. Даниел Рикиардо со вториот болид на Мекларен стигна до 9-тата позиција.
На почетокот на вториот тренинг температурата на асфалтот падна за неколку степени, но сепак беше многу жежок, над 55 степени.
Во Ред Бул и Ферари ги пропуштија првите десет минути, останатите веднаш излегоа на патеката. Во гаражата на Карлос Саинц Јр., инженерите работеа на поставување на новата верзија на подот, по што Шпанецот изгуби уште малку време.
Утрото Мекларен и АлфаТаури имаа нови надградби само на еден болид, Рикиардо и Гасла, но во втората сесија тие беа монтирани на двата болиди. Овие тимови беа задоволни од ефективноста на надградбите по првата сесија, но во тимот на Алпин не беа сигурени дека ја постигнале целта, па тие продолжија со компаративни тестови.
Возачите ја започнаа сесијата со долги стинтови на белите и жолти гуми, потоа се префрлија на брзи круга на црвените, за потоа повторно да се посветат на тркачкото темпо и процена на однесувањето на пневматиците на Пирели.
Општ заклучок е дека абењето на гумите ќе биде голем фактор овој викенд. Ферари беше еден од тимовите каде и визуелно можеше да се забележи дека ќе имаат проблеми на ова поле.
Макс Ферстапен и Ред Бул го завршија вториот тренинг повеќе од половина секунда зад Ферарито на Карлос Саинц Јр., но Холанѓанецот се чинеше дека ги крие силите на РБ18, кога станува збор за симулација на квалификациите.
Макс, всушност, добро го започна попладневниот тренинг, победувајќи го Чарлс Леклер во брзите кругови на жолтите гуми. Но, возачот на Ред Бул, како и во првиот тренинг, кога требаше да форсира на црвените гуми, тој беше далеку зад возачите на Ферари.
Сепак, ако се погледне пошироката слика, актуелниот шампион не само што бележеше добри времиња на жолтите гуми при симулација на тркачкото темпо, туку и Леклер се чинеше дека има сериозни проблеми со абењето на пневматиците.
Тркачкото темпо на Ред Бул беше очигледно многу подобро, но, мора да напоменеме дека тренинг сесиите кријат многу непознати, како количина на гориво во резервоарите, мапирањето на моторите е непознато, така што сè уште може да има криење на можностите од кој било тим.
Но, јасно е дека "предно ограничените" патеки се добри за Ред Бул. Тие се мачеа со гумите во Австрија, каде што се оптоварени задните гуми, но се чини дека РБ18 се движи како риба во вода на патеката Пол Рикар.
Ќе треба да почекаме до утре да видиме кој има најбрз болид и секако до недела да видиме кој има најдобро темпо. Но, засега Ред Бул се чини дека е чекор понапред.
ФЕРАРИ УБЕДЛИВ НА ВРВОТ, ПЕКОЛНО ВРЕМЕ НА ПОЛ РИКАР
7/22/2022 06:34:00 PM
0
Share to other apps