Гран При трките се родени во Франција, а Француското Гран При смени повеќе патеки, откако за првпат се приклучи во Ф1 календарот во 1950 година.
Во текот на 1970-тите и 80-тите години, Пол Рикар стана една од најпопуларните патеки за валидирање на поставеноста на болидите. Патеката е вистински тест за болидот и возачот.
Патеката има рамномерна распределба на свиоци кои се поминуваат со големи, средни и мали брзини. Изградена е во 1969 година благодарение на длабоките џебови на индустрискиот магнат Пол Рикар. Беше отворена на 19 Април 1970 година со трка на дволитарски автомобили пред Формула 1 да стане главен настан една година подоцна.
Една препознатлива карактеристика се обоените зони за излетување кои ги заменуваат вообичанеите за други патеки зони изполнети со чакал. Областа со сини риги е помалку абразивна од областа со црвени риги. За да се создаде потребната абразивност, во асфалтот се додава волфрам.
Денешната трка за Големата Награда на Франција е последна според актуелниот договор, кој што нема да биде обновен. Формула 1 повеќе нема да доаѓа на Пол Рикар. Патеката не се вклопува во новата бизнис шема на Формула 1, во која можеби нема место ниту Спа и Монако, иако за последната се шпекулира дека го продолжила договорот.
Дизајнирана како тест полигон за производителите на автомобили, трките на оваа француска патека често се досадни, а нејзината припадност на една од компаниите на Берни Еклстоун може да се смета за комплицирачка околност.
Пол Рикар има одличен систем за вештачко наводнување што можеби би требало да се активира, можеби тогаш трката би била многу поинтересна.
Изненадувачки е што земја со толку богата историја на мотоспортот, претставена во Формула 1 од фабрички тим и двајца возачи, повеќе нема да има своја трка. Но, долги години истата состојба е со Големата Награда на Германија.
Големата награда на Франција се состои од 53 круга, а како најбрза стратегија според инженерите на Пирели, поради жешкото време, ја фаворизираат таа со два пит-стопа, иако стратегијата со едно застанување за промена не е неостварлива.
Почетен стинт на жолтите гуми дава повеќе опции, проследен со два стинта на белите гуми, или пак среден стинт со бели гуми и завршен, повторно на жолти. Но, се ќе зависи од деградацијата на гумите на секој тим посебно, т.е. кој од нив ќе успее добро да менаџира со пневматиците.
Секако, се зависи и од преостанатите сетови на гуми што секој од возачите ги има на располагање. Стратегијата со едно застанување можеби не е невозможна да се спроведе во пракса, но тоа ќе го можат само тимовите кои се ектремно нежни кон гумите на Пирели. Прашѓање е дали има такви.
Ако некој се реши за оваа стратегија, трката може да ја започне на бели или жолти и да ја финишира на жолти или бели гуми. Црвените гуми немаат вредност во трка, освен во некои непредвидени исходи на излегување на безбедносниот автомобил при крајот на трката.
Марио Изола, Пирели: "На хартија, теоретски најбрза стратегија е таа со едно застанување за промена на жолтите со бели гуми, но сепак мислам дека повеќето тимови ќе се стремат кон две замени на пневматици, најверојатно користејќи ги жолтите и бели гуми."
"Интересно е да се забележи дека од водечките, Леклер е единствениот на кој му останаа еден сет на бели и два сета на жолти гуми за трката. Неговите директни ривали претежно имаат два сета на бели и само еден сет на жолти. Значи, веројатно е дека ќе видиме различни стратегии, во услови кои ќе бидат можеби пожешки од денешните."
Француското Гран При е средина на 2022 сезоната, единаесет трки се зад нас, ќе останат уште единаесет трки по денешната, пет во Европа и шест надвор од овој континент.
Распоредот е густ, сезоната ќе заврши порано поради "зимскиот" мундијал во Катар, но нејзината втора половина вклучува задолжителна летна пауза и тринеделна пауза помеѓу Монца и Сингапур по откажувањето на трката во Сочи.
Минатата година во календарот беа вклучени 22 трки, а тогаш на Хунгароринг се возеше 11-та трка, по која Луис Хамилтон го предводеше шампионатот со осум поени разлика. Макс моментално има 38 поени пред Леклер. Иако на последните две трки Моначанецот малку ја намали разликата, позицијата на Холанѓанецот изгледа неприкосновена.
Тој и Ред Бул немаат причина да ризикуваат, но Ферари мора да ризикува, па во таква ситуација, проблемите на Ферари со издржливоста додаваат оптимизам кај ривалите. Во Бахреин Ред Бул не освои поени при двојната победа на Ферари, во Баку ситуацијата беше обратна.
Бројот на победи на Ред Бул е седум спрема четири, и додека Ферари ја намалува разликата, нивната примарна цел за месец Јули, дефектот на моторот на Саинц Јр. во Австрија дојде во многу незгодно време за нив. Никој од двата тима нема јасна предност, што ќе придонесе за интересни трки во преостанатиот дел од календарот.
Минатата година, Ферстапен беше убедлив победник на Француското ГП , како и на тогаш двете трки во Шпилберг, каде овојпат загуби. Интересно е како се одвиваат работите на денешната трка.
Очигледно, секој проблем со технички дефект, може да промени сè, а денес е најавено уште пожешко време од досегашниот тек на викендот, што може да донесе големи проблеми со прегревање на машините.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА ФРАНЦУСКОТО ГРАН ПРИ
7/24/2022 11:24:00 AM
0
Share to other apps