На прес конференција во СПА-Франкошамп, Ауди го потврди влезот во Формула 1 за сезоната 2026 година како снабдувач на погонски единици.
Во соопштението не се наведува на кој тим Ауди ќе испорачува мотори, но со сигурност може да тврдиме дека станува збор за Заубер, но тоа нема да биде потврдено до крајот на договорот со нивниот сегашен спонзор Алфа Ромео.
Формула 1 веќе подолго време ја искушуваше групацијата Фолксваген да влезе во шампионатот. Дефинитивната можност се појави за 2026 година, кога регулативите за погонските единици понудија рамка што ја интересираше групацијата: "едноставни" и поевтини мотори, хибриди, без MGU-H и пред се усвојување на еколошки горива.
Ауди има тешка задача пред себе, дизајнирање на Ф1 мотор од нула, имајќи предвид дека нивните ривали веќе имаат искуство со 1.6-литарскиот V6.
Сепак, тие ќе имаат поедноставна задача бидејќи моторите стануваат поедноставни, на пример, комората за пред-согорување се укинува, така што празнината што треба да се пополни нема да биде толку голема како за развој на сегашните мотори.
Што се однесува до хибридниот дел, сите мора повторно да го развиваат, бидејќи тој ги зголемува тројно своите перформанси, а MGU-H е отфрлен. Ауди веќе има одредено искуство со своите хибридни победи на Ле Ман.
Како и да е, им претстојат три години, можеби 40 месеци, напорна работа, иако брендот има техничари со добра репутација и искуство.
Од Ауди уверуваат дека не само што нема да работат заеднички со Порше во производството и развојот на ПЕ, туку дека двата бренда на групацијата Фолксваген ќе се натпреваруваат кој ќе изгради подобра погонска единица кога ќе пристигнат новите регулативи.
Се разбира, Ауди и Порше се два од главните брендови на Фолксваген, па не би било незамисливо да споделуваат одредени информации за развој и истражување или дури и персонал и капацитети, но пред се во деловите кои ќе бидат стандардизирани.
Ауди сака победи, а не профитабилност. Еден од аспектите што од Ауди го ставија јасно до знаење е дека не сакаат да заработат пари од нивната инвестиција затоа што тоа не им било потребно. Она што тие го сакаат се победи во Формула 1.
Адам Бејкер ќе биде генерален директор на проектот Формула 1. Овој инженер работеше за ФИА три години и имаше неколку одговорни позиции кај производители и тимови во различни моторни натпревари во текот на неговата кариера. Од 2021 година е дел од Ауди.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.