На Алфа Ромео им беа потребни точно два часа од објавата на Ауди за да соопштат дека ќе се разделат со Заубер по 2023 година.
Вест што го покажува очигледното, брендот со четирите круга ќе биде поврзан со тимот од Хинвил. Ако ни требаа повеќе индиции за тоа со кој тим Ауди ќе биде партнер, Алфа Ромео ги обезбеди.
Италијанскиот бренд беше свесен за интересот на Ауди за Заубер и веќе најави дека нема да стои меѓу двете страни пред операцијата за купување. На овој начин двете страни ставаат крај на плодното шестгодишно партнерство.
Алфа во 2017 година објави дека ќе биде спонзор на Заубер од 2018 година и оттогаш ги обои нивните Ф1 болиди во своите бои. Минатиот месец ја објавија својата одлука да го продолжат партнерството со Заубер и за 2023 година, со оглед на ветувачките резултати од првата половина од сезоната, како во однос на перформансите, така и на маркетинг план.
Алфа Ромео сега ќе ги проценува многуте можности и ќе одлучи кој правец е најдобар за одржување на долгорочната стратегија и позиционирање на брендот.
Ова раскинување на Алфа Ромео му дава на Ауди зелено светло за купување на Заубер. Како што веќе имаме објавено шпекулациите се дека операцијата за аквизиција на Заубер ќе биде во три фази.
Прво, Ауди ќе преземе контрола над 25% од тимот во 2023 година, во 2024 година уште 25% и во 2025 уште 25%. Останатите 25% ќе му припаднат на шведскиот милијардер Фин Раусинг, еден од сопствениците на успешната компанија за пакување Тетра Пак Лавал. Тимот ќе продолжи да ги користи моторите на Ферари до крајот на 2025 година.
АЛФА РОМЕО СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ФОРМУЛА 1
8/26/2022 01:21:00 PM
0
Share to other apps