Минатата недела, Формула 1 тимовите постигнаа согласност за измена на техничките прописи за 2023 година, кои треба да помогнат да се елиминираат вертикалните осцилаци на болидите од новата генерација.
Синоќа, претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем, потврди дека овие измени ќе бидат претставени пред Светскиот совет на ФИА за моторни спортови.
"Откако разговаравме со сите дваесет возачи и десет лидери на тимовите за проблемите поврзани со вертикалните осцилации, со задоволство можам да објавам дека оваа недела до Светскиот совет за моторни спортови ќе ги поднесеме промените на техничките прописи за 2023 година, како дополнување на мерките кои ќе стапат во сила до крајот на оваа сезона."
Воведувањето на новите регулативи во 2022 година со себе донесе нов феномен: вертикални осцилации или отскокнување на болидите.
На Големата Награда на Азербејџан, нивото на осцилации, особено на тимот на Мерцедес АМГ беше огромно, па ФИА реши да интервенира во корист на безбедноста на возачите.
Оттогаш ФИА работеше на ова прашање собирајќи податоци и веќе донесе техничката директива која ќе стапи на сила на следната трка во Белгија.
Одлуката на ФИА да се вмеша во правилата предизвика контроверзии во тимовите. На пример, Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, беше против оваа одлука и е убеден дека вертикалните осцилации не ги смета за безбедносен проблем, туку за помагање на еден тим.
Добар дел од Формула 1 тимовите, најмалку шест од нив, гласно го изразиле своето незадоволство од најавените промени за 2023 година што ФИА сакаше да ги воведе во техничките прописи за да ги спречи вертикалните осцилации на болидите од новата генерација.
За 2023 година беа најавени измени како минимална висинска кота од 25 милиметри на рабовите на подот, на грлото на дифузорот, построги тестови за странично свиткување на подот и употреба на почувствителни сензори за мерење на отскокнувањата. Останува да видиме што донесе компромисот помеѓу тимовите.
Компромисот е постигнат затоа што и покрај противењето на повеќето тимови, ФИА беше решена еднострано да ги наметне овие правила од безбедносни причини, кои според неколку тимови се апсолутно дизајнирани по вкус и диктат на Мерцедес АМГ.
Сите тимови мислат дека со тоа се фаворизира Мерцедес АМГ и нивниот аеродинамичен избор на минималистички странични отвори за ладење.
Според гласините, тимот на Мерцедес АМГ со овие нови правила би нашол зголемување на аеродинамиката за 40% до 2023 година.
За следната 2023 сезона се планирани рекордни 24 трки во календарот, што дополнително ќе го зголеми обемот на работа на тимскиот персонал.
За да го намалат, тимовите и ФИА одлучија да го заострат полицискиот час, ограничувајќи го времето на работа со болидите во среда, четврток и петок.
Во неодамна објавената нова верзија на прописите, за еден час е зголемено времетраењето на задолжителната пауза при работа со болидите во петок навечер.
Ќе се намали и бројот на дозволени прекршувања на полицискиот час, од осум на четири во среда навечер, од шест на три во четврток навечер. Во петок навечер, како и сега, ќе може двапати да се прекршат правилата во текот на сезоната.
Светскиот совет за моторни спортови веќе ги одобри прелиминарните спортски регулативи за 2023 година. Формула 1, втора година по ред, експериментира со формат на тркачкиот викенд кој вклучува саботен спринт.
По три вакви викенди во 2021 година, беше планирано нивниот број да се зголеми на шест оваа година, но тимовите не се договорија за висината на финансискиот надомест, па повторно останаа три трки со овој формат.
Засега, ситуацијата се повторува, во неодамна објавените спортски прописи за 2023 година повторно имаме само три викенди со спринт, а зголемувањето на нивниот број, на што инсистира раководството на Формула 1, зависи од позицијата на тимовите.
Ако Формула 1 успее да добие 28 од 30 гласови (10 им припаѓаат на тимовите, уште 10 од ФИА и ФОМ), тогаш бројот на викенди со саботниот спринт може да се зголеми.
Ф1 ТИМОВИТЕ И ФИА ПОСТИГНАА КОМПРОМИС
8/09/2022 11:40:00 AM
0
Share to other apps