Оваа година, пред почетокот на тркачкиот викенд, тимовите ги презентираат техничките новитети подготвени за нивните болиди, и накратко ја објаснуваат нивната цел.
Посебната природа на белгиската патека ги принуди сите тимови да направат одредени прилагодувања на аеродинамичните елементи на болидите, но некои тоа го направија во поголем обем, додека одредени тимови се ограничи на минимални подобрувања.
РЕД БУЛ
Тимот малку го редизајнираше профилот на страничните отвори за воздух за да го направи поефикасно ладењето на целокупниот систем со промена на протокот на воздух.
Долниот триаголен крак на задната амортизација исто така е надграден за да се намали коефициентот на отпор.
ФЕРАРИ
Тоа е тимот со најмалку модификации на своите болиди, единствено се опремени со помали задни дефлектори, кои не се новитет и се претходно употребувани во трки.
МЕРЦЕДЕС АМГ
Тимот во СПА донесе поголем број нови аеродинамични подобрувања, како и ново задно крило, кое максимално одговара на карактеристиките на белгиската патека. На болидите на Џорџ Расел и Луис Хамилтон се појавија нови, поефикасни верзии на предните дефлектори, кои се разликуваат по различна форма на крајните плочи.
Промените го зафатија и подот на болидот, пред сè тие се поврзани со промена на неговиот заден дел. Неговите рабови, испакнати од страните на W13, станаа помали, што, од една страна, донекаде ја намалува потисната сила генерирана од овие елементи, но од друга страна, го подобрува квалитетот на протокот насочен кон дифузорот, што го прави можно да се надоместат овие загуби.
МЕКЛАРЕН
Повторно списокот на сите видови на измени на кои беше подложен болидот на Мекларен е доста обемен. Како и другите тимови, MCL36 има нови верзии на задните дефлектори, но надградени се и каналите за ладење на задните сопирачки, реконфигурирани се отворите за ладење на погонската единица и другите системи кои се наоѓаат под каросеријата.
Подобрен е и дифузорот, што овозможува подобра распределба на протокот на воздух под болидот и зголемување на вкупната ефикасност на овој дел од аеродинамиката на целокупниот болид.
На задниот дел на каросеријата, се појавија и мали крилца, кои придонесуваат за создавање дополнителна потисна сила, додека на предниот дел на болидот, промените се кај управувачкиот систем, со кои што се намалува нивниот аеро отпор.
АЛПИН
На нивните болиди имаме нов под со малку изменета геометрија на предниот дел. Позицијата на воздушните канали за ладење на задните сопирачки се исто така прилагодени, што го подобрува квалитетот на протокот насочен кон задното крило.
АЛФАТАУРИ
Редизајнираното задно крило и дополнителните задни крилца на болидот на АлфаТаури се совпаѓаат со карактеристиките на патеката во СПА-Франкоршамп, но има и дополнителни елементи на каналите за ладење на задните сопирачки, плус е изменет долниот дел од задната амортизација.
ХАС
Променета е конфигурацијата на канали за ладење на задните сопирачки, задното крило е дополнително намалено во големина.
АСТОН МАРТИН
Земајќи ги предвид карактеристиките на патеката, елементите на предните и задните крила се намалени во големина. Истото може да се каже и за овие елементи на аеродинамиката на болидите на АЛФА РОМЕО и ВИЛИЈАМС.
Ф1 БОЛИДИ - СИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ТРКАТА ВО БЕЛГИЈА
8/26/2022 08:30:00 PM
0
Share to other apps