Овој викенд, за време на Големата Награда на Белгија, тимот на Мерцедес АМГ ќе се придружи на АМГ во одбележувањето на нивната 55-годишнина со голем број специјални активности.
Овој оддел на Мерцедес е основана во 1967 година од инженерите Ханс Вернер Офрехт и Ерхард Мелхер, и се занимава со создавање спортски модификации на сериски автомобили и развој на тркачки автомобили.
Во чест на годишницата, болидите на Расел и Хамилтон ќе имаат специјални АМГ логоа, а страничните броеви на возачите ќе бидат прикажани во "винтиџ" (старински по нашки) стил со големи броеви, потсетувајќи на легендарниот победник на СПА 24 часа од 1971 година, 6.8 AMG 300 SEL, наречен "Црвеното прасе".
Денес попладне, Тото Волф, Џорџ Расел и Луис Хамилтон ќе го возат "црвеното прасе" на реновирата патека СПА-Франкоршамп.
"АМГ е синоним за трки и високи перформанси", рече Тото Волф, "Веќе 55 години, компанијата е во првите редови на развојот на тркачки и патнички автомобили. Со нетрпение очекувам да седнам зад воланот на 6.8 АМГ 300 SEL, икона во историјата на мотоспортот."
Најновиот пример за соработка помеѓу Ф1 тимот на Мерцедес АМГ и АМГ е Мерцедес AMG-ONE, запрепастувачки подвиг на инженерство што ја носи хибридната Ф1 технологија на обичните патиштата во луксузниот хиперавтомобил кој произведува над 1.000 коњски сили."
Подоцна во текот на денот, статијава ќе биде дополнета со фотографии од акцијата на патеката. Ве очекуваме повторно...
МЕРЦЕДЕС ПРОСЛАВУВА 55-ГОДИНИ АМГ
8/25/2022 11:42:00 AM
0
Share to other apps