Гласините, кои се појавија во падокот, се остварија. Мекларен и Даниел Рикиардо меѓусебно се договорија предвреме да го раскинат договорот на Австралиецот, кој истекуваше на крајот од следната сезона.
Рикиардо повеќе нема да биде возач на Мекларен по оваа сезона. Вокинг можеби му платил 21 милион евра на Даниел за да го прекине договорот. Тој пристигна во тимот од Вокинг во 2021 година и имаше договор да помине уште една година со нив.
Сепак, околностите го натерале Даниел да се премисли и тој уверува дека си заминува без жалење.
"По неколкумесечни разговори со Зак и Андреас, решивме предвреме да го раскинеме мојот договор со тимот и заеднички да се договориме да се разделиме на крајот на оваа сезона."
"Во догледно време ќе ги објавам моите планови за иднината, но и покрај тоа што ми носи овој нов пат, не жалам и горд сум на трудот и работата што ги направив во Мекларен, особено победата во Монца од минатата сезона."
"Никогаш не сум бил повеќе мотивиран да се натпреварувам и да бидам дел од спорт кој толку многу го сакам и со нетрпение го очекувам она што следува."
Андреас Зајдл и Зак Браун ја искористија можноста да му посветат зборови на благодарност на Даниел, но поентата се сведува на една реченица од обраќањето на Браун:
"Не е тајна дека се надевавме дека ќе постигнеме многу повеќе заедно."
Оваа вест доаѓа неколку часа откако беше објавено дека Гинтер Штајнер го контактирал Рикиардо за време на летната пауза за да се распраша за неговите услуги .
Новинарот Кристијан Медланд објави дека Мекларен му платиле на Даниел за последната година од неговиот договор. Австралиецот до денес нема договор со друг тим.
Неговата најдобра опција би била враќањето во тимот кој сега е познат како Алпин, по шокантното заминување на Фернандо Алонсо, но само доколку се процени дека договорот на Оскар Пјастри за 2023 година ќе биде подготвен како што се надева Мекларен.
Рикиардо, исто така, би одговарал на тимот на Хаас, па дури и на Алфа Ромео, и неговата иднина со Ауди, ако Гуанју Џоу се врати во Алпин.
Меѓу кандидатите за замена на Даниел се Оскар Пјастри, Алекс Палу, Колтон Херта. Првите двајца имааат потпишано договори со Мекларен, иако вториот повеќе е насочен кон индикар. Се зависи даали договорот на Оскар Пјастри ќе помине како легален.
ОФИЦИЈАЛНО: ДАНИЕЛ РИКИАРДО ГО НАПУШТА МЕКЛАРЕН
8/24/2022 05:54:00 PM
0
Share to other apps