Серџо Перез беше најбрз на саботниот тренинг, кој служи за загревање пред она вистинското, борба за Пол позицијата. Како никогаш досега таа ќе биде интересна, бидејќи речиси половина возачи не може да се борат за неа, меѓу кои и најголемите.
Во петокот не сите можеа да се справат со гумите, периодично врнеше дожд, некои од возачите имаат проблеми да ги доведат гумите во работна температура на ладниот асфалт, а други се пожалија на брзо абење, па саботната тренинг програма се покажа како интензивна.
Возачите уште од првата минута тргнаа на патеката, само Ферари ги пропушти првите 25 минути. Асфалтот беше многу повеќе "гумиран", а со тоа и грипот беше многу подобар, па болидите многу помалку пролизгуваа низ свиоците.
За повеќето возачи, сесијата започна со долга серија на кругови, кои вчера поради дожд не можеа да се завршат. По шест круга, Мик Шумахер се врати во боксот поради проблеми со еден од сензорите и за него сесијата беше завршена.
Во 52-та минута, Чарлс Леклер имаше незгодно излетување во чакалот покрај 12-от свиок, а неговиот болид имаше контакт со заштитните бариери.
Моначанецот самостојно се врати до својата гаража, но повторно греши на патеката. Едноставно не е на ниво на задачата за борба за Титула! Сеијата беше прекината неколку минути за да се отстрани чакалот од асфалтот.
Чарлс Леклер, по проверките во неговата гаража, доби зелено светло и се врати назад на патеката, но...
Квалификациите за Големата Награда на Белгија започнуваат во 16 часот.
РЕД БУЛ НЕПОБЕДЛИВ НА СПА-ФРАНКОРШАМП?!?
8/27/2022 02:19:00 PM
0
Share to other apps