Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Белгија.
ПОБЕДНИЦИ
Карлос Саинц Јр., П1: "Среќен сум што утре ќе стартувам од Пол позицијата. Секако, не сум среќен што овој викенд сум зад Макс и Ред Бул. Треба да разбереме зошто болидот на Ред Бул е толку брз на оваа патека."
"Во секој случај, првата позиција е одлично место за почеток и утре ќе се обидам да победам. Верувам дека нашето тркачко темпо е подобро, но заостанувањето зад Макс кај мене покренува прашања како ќе испадне утрешната трка."
"Нема сомнение дека треба да дадеме се од себе да го победиме Ред Бул, но со огромната предност што ја има Макс, тој останува фаворит за победата."
Серџо Перез, П2: "Ова беа добри, но не и фантастични квалификации. Мојот прв круг во Q3 не беше одличен, а потоа текот на сесијата беше нарушен поради други проблеми, имав мало оштетување на подот."
"Но, да се биде на П2 за утрешната трка, сепак е добар резултат. Со оглед на тоа што вчера изгубив многу време на тренинг сесиите, но мислам дека има простор за уште поголемо подобрување на трката."
"Со почеток од првиот ред можеме да се бориме за победа на утрешната трка, треба да имам добар старт и чист прв круг. Да се биде на пол позицијата не е особено корисно на оваа патека."
"Ако останам во близина на Карлос во Eau Rogue може да го преземам водството. Важно е утре да се се посветиме на нашата сопствена трка, а не на противниците."
Фернандо Алонсо, П3: "Среќен сум со нашата денешна изведба, тоа е позитивен резултат за тимот со двата болида во првите шест"
"Имавме тимска работа за време на квалификациите и тоа функционираше многу добро. Утре ќе биде возбудливо и, како и во Канада, да се биде во Топ 3 е уште една можност за напад на стартот."
"За утре посакувам да имаме нормална трка, на сув асфалт, како би ја искористил оваа позиција. Ќе се фокусираме на нашата трка и ќе бидеме внимателни за да ги победиме оние со кои навистина се натпреваруваме. Ќе направиме се за да ги максимизираме нашите поени на утрешната трка."
ГУБИТНИЦИ
Валтери Ботас, П14: "Знаевме дека ќе стартувам од П14, без разлика на пласманот, па решивме да помогнеме на Џоу со заветрина."
"Тој сè уште се бореше за место на гридот, па имаше смисла да му се помогне и се чинеше дека тоа функционира. Бидејќи знаевме дека квалификациите нема да имаат никакво значење за нас, го ставивме целиот наш фокус на трката."
"Се надевам дека нашите подготовки ќе се исплатат, досега можам да кажам дека болидот се чувствуваше во ред. Се разбира, денес не го видовме неговиот целосен потенцијал, со оглед на околностите, но убеден сум дека можеме да напредуваме од П14 и да освоиме поени."
Николас Латифи, П11: "На денешниот тренинг чувствував дека напредуваме и работите се одвиваа многу подобро. И покрај резултатот, чувствувам дека болидот имаше потенцијал за пласман во Q2, па затоа е разочарувачки од моја страна и за тимот."
"За жал, последниот круг за мене беше најлошиот круг викендов. Ме изненади непредвидливоста на болидот и гумите. Имав многу големи грешки, па на крајот мораше да се откажам од него."
"Фрустрирачки е да не се поентира кога е најважно. Ќе стартуваме малку повисоко од остварениот резултат поради многуте казни, а тоа може да создаде некои можности."
Кевин Магнусен, П12: "Имав лош круг и направив неколку грешки. Се чинеше дека сите најдоа многу време во вторите обиди, но за разлика од нив ние не бевме на тоа ниво."
"Но и покрај тоа не сум сигурен дека имавме темпо за подобар пласман, но многу возачи имаат казни, па ќе добиеме неколку стартни позиции и се надевам дека нашето темпо ќе биде подобро во трката. Ова е СПА, така што секогаш има можности и со нетрпение ја очекувам утрешната трка."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО БЕЛГИЈА
8/27/2022 10:08:00 PM
0
Share to other apps