Седум од десетте тимови потврдија дека донеле нови делови за Големата Награда на Италија. АлфаТаури, Алфа Ромео и Хас решија дека не им се потребни нови делови за трка на патеката Монца.
Новитетите кои тимовите ги донесоа на Храмот на брзината се наменети за намалување на отпорот на болидите и максимизирање на брзината на долгите правци на историската патека.
Сите тимови ќе ја минимизираат потисната сила на своите болиди. Некои тимови, вклучувајќи ги Вилијамс и Ферари, претходно донесоа нови делови во СПА-Франкоршамп, но избраа да не ги користат на трката.
Новитетите за Големата Награда на Италија се следни:
МЕРЦЕДЕС АМГ
Предно крило - Намалена е заобленоста на елементите на предното крило за да се намали оптоварувањето со цел да одговара на конфигурацијата на Монца и задното крило.
Задно крило - Тимот воведува редуцирано задно крило за да се намали оптоварувањето и отпорот за да одговара на специфичните карактеристики на Монца.
РЕД БУЛ
Задно крило - На постојното задно крило со мала потисна сила е нанесена облога за дополнително намалување на оптоварувањето, за да одговара на специфичните каракеристики на Монца.
ФЕРАРИ
Бим крило - Тимот воведува крило со еден елемент со цел тоа да се прилагоди на карактеристиките на Монца и барањата за аеро-ефикасност. Оваа новина беше прикажана во Белгија, но не беше монтирана на болидот.
МЕКЛАРЕН
Предно крило - Ревидиран, пократок преклоп на предното крило, со цел намалување на неговото оптоварување.
Задно крило - Помал хоризонтален дел од задното крило за намалување на отпорот.
АЛПИН
Бим крило - Отстранување на дополнителните елементи кои ја зголемуваа потисната сила, воедно и намалување на отпорот на болидот.
АСТОН МАРТИН
Предно крило - За трката во Монца тимот подготви ново репрофилирано предно крило за намалување на оптоварувањето и усогласување со задното крило. Овие компоненти биле донесени на претходните трки, но не биле искористени во трка.
Задно крило - Новото задно крило има помал преклоп во споредба со претходната верзија на крилото за мала потисна сила. И овие компонентио биле донесени на претходните трки, но не биле искористени во трка.
ВИЛИЈАМС
Бим крило - Опционално помало крило од еден елемент. Овој дел беше декларирано за СПА, но не беше поставено на болидот за таа трка. Целта е намалување на потисната сила и отпорот на болидот за да одговара на специфичните карактеристики на патеката во Монца.
Првиот ден од Големата Награда на Италија ја одрази еднаквоста меѓу Ферари и Ред Бул, бидејќи Макс Ферстапен, Чарлс Леклер и Карлос Саинц Јр. покажаа многу изедначено темпо на петочните тренинг сесии во Монца.
На последните трки, Ред Бул и Макс Ферстапен беа посилни од нивните главни ривали оваа сезона, Ферари. Тренд кој Скудерија сака да се обиде да го промени и сака да почне да го прави тоа пред нивната домашна публика.
Всушност, Ферари беше најбрз на двете тренинг сесии, на првата Леклер беше најбрз, на втората неговиот тимски колега. Но, Ред Бул внимателно ги следеше, особено Ферстапен на вториот тренинг.
Што се однесува до најбрзиот круг го имаше Карлос Саинц Јр. и тоа на црвените пневматици забележан доцна попладнево. Ферстапен заостануваше 143 илјадитинки, а Леклер 193 зад шпанецот.
Следен класифициран на Т2 беше Ландо Норис, кој го приреди изненадување и го забележа четвртото најбрзо време, иако неговото време е далеку од она на првите тројца. Британецот заостануваше речиси седум десетинки зад Саинц Јр..
Серџо Перез во вториот РБ18 не беше премногу конкурентен. Мексиканецот беше четиринаесетти на Т1, каде имаше проблеми со својот ДРС-систем, и шести на Т2. Чеко направи чекор напред, но заостануваше повеќе од седум десетинки зад најбрзите.
Така, на хартија Ферари и Ред Бул со Ферстапен имаат изедначено темпо и се главните кандидати за најбрзото време на утрешните квалификации, но од нив најголеми шанси за Пол позицијата на неделната трка има само Чарлс Леклер.
Многу од возачите се соочени со казни за неделната трка, за користење на додатни елементи на погонската единица, па така стартниот поредок нема да биде еднаков со резултатите и пласманот на квалификациите.
Досега потврдени се казните за Ферстапен, Саинц Јр. и Перез од најбрзите, Хамилтон, Ботас, Цунода од послабите. Па така во Монца се може да се случи и пред се очекуваме интересна и драматична трка.
Ф1 БОЛИДИ - СИТЕ ИЗМЕНИ ЗА МОНЦА
9/09/2022 08:27:00 PM
0
Share to other apps