Карлос Саинц Jr. беше најбрзиот возач на втората тренинг сесија во Монца. Шпанецот го победи Макс Ферстапен за една и пол десетинка и неговиот тимски колега Чарлс Леклер за речиси две. Штета што трката ќе ја стартува од последните места.
Ландо Норис со Мекларен направи чекор напред и се смести на четвртата позиција, шест десетинки од времето на Саинц Јр.. Што се однесува до Мерцедес АМГ, Расел беше петти со седум десетинки, а Хамилтон седми со осум десетинки дефицит.
По првиот тренинг, кој беше предводен од возачите на Ферари, акцијата продолжи со втората сесија за денес, со температура на воздухот од 27ºC и асфалт загреан на 38ºC.
Неколку возачи веќе знаеја дека ќе добијат казни за замена на елементи од погонските единици, па нивната програма беше прилагодена кон подготовка за трката.
Минатата година, сите ја поминаа тркачката дистанца со еден пит-стоп, користејќи жолти и бели гуми, па со овие смеши возачите го започна вториот тренинг, потоа се префрлија на црвените, за на крајот од сесијата повторно да се вратат на потврдите гуми.
Ферстапен, Саинц Јр. и Шумахер излетаа од патеката во првиот свиок, Леклер во петтиот. Валтери Ботас помина низ чакалот покрај Лезмо 1, потоа во Лезмо 2, но успеа да се врати на патеката.
Алекс Албон имаше момент на излезот од Аскари, но продолжи да се движи. Во 28-та минута Мик Шумахер застана на патеката пред првиот Лезмо. Германецот ја изгуби моќта од Ферари ПЕ во својот болид.
Сесијата беше прекината, развеани беа црвените знамиња, а отстранувањето на болидот на Хас траеше седум минути. Тоа беше крај на сесијата за Шуми Јр..
Јуки Цунода не забави доволно под развеани жолти знамиња, па стјуардите го разгледуваат овој инцидент по завршувањето на сесијата. Како би казниле возач кој веќе има казна за старт од последниот ред?!?
КАРЛОС САИНЦ ЈР. НАЈБРЗ НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ
9/09/2022 06:18:00 PM
0
Share to other apps