Формула 1 не доаѓа во Монца во пролет или лето. Трката на долгите правци се одржува исклучиво во септември, кога летото останува зад нас.
Големата Награда на Италија ја заокружува единствената овогодинешна серија од три трки по ред, но и европскиот дел од сезоната, кој се покажа како многу интересен, но беше целосно диктиран од Ред Бул. Од десет европски трки, Ферари победи само на две, со што реално ги загубија шанси за титулите кај возачите и конструкторите.
Оваа патека е една од класиците на Формула 1, изградена е во далечната 1922 година. Првотo Италијанското ГП се одржало во 1921 година во Бреша, со Jules Goux како Победник, а потоа во 1922 оваа трка се сели во Монца. Најновата конфигурација на патеката Монца дебитираше во 2000 година.
Оригиналната Монца имала над 10 километри, и од дамнешни времиња го има епитетот за храм на брзината со просечни брзини кои достигнуваат до 250км/ч., додека максималната брзина надминува 350 км/ч., па растојанието од 300 км се завршува во најкус рок од целата сезона.
Познатиот "Храм на брзината" е вистинскa патека која има потреба од низок отпор и ниска потисна сила, каде што максималната брзина е клучна за добар резултат. Трката честопати се добиваше од Пол позицијата, што ги прави квалификациите особено важни.
Претстојната трка е особено важна за Ферари, бидејќи пораз на домашната патека може да доведе до кадровски промени на крајот од сезоната. Многумина отворено изјавуваат дека Матија Биното треба да се врати на местото технички директор, а на негово место дојде професионалец, искусен менаџер, кој треба да ги мотивира персоналот и возачите.
Во Ред Бул, талентираниот инженер Њуи има моќна поддршка, Дитер Матешиц сопственикот на голема компанија, два тима, потоа Кристијан Хорнер, тимскиот шеф и консултантот Хелмут Марко, кои се подготвени да ги бранат интересите на тимот во кој било прилика.
Матија Биното, по правило, оди сам пред камерите, учтиво пронаоѓајќи изговори по секој еден неуспех. Во Монца, барањата за подесување на болидот се приближно исти како и во СПА-Франкоршамп, каде Ред Бул забележа двојна победа, а Ферари загуби со речиси половина минута разлика до целта.
Коментирајќи го мајскиот пораз во Мајами, шефот на тимот на Ферари рече: "Ред Бул троши пари на ажурирања, но во одреден момент, поради буџетските ограничувања, тие ќе мораат да престанат, а ние сè уште имаме средства за тоа. По пет трки сè уште водиме во двата шампионати и гледам на иднината со оптимизам."
Оттогаш поминаа десет трки, a Ферари победи само на две од нив. Италијанците имаат сомнежи дека ривалите ги прекршуваат финансиските регулативи, и дека ФИА не ја контролира ситуацијата со трошоците, но не се покренуваат обвиненија.
53-те круга од Големата Награда на Италија, спонзорирана од Пирели, на "Храмот на брзината" во Монца, теоретски, треба да се поминат со едно застанување во бокс.
Оваа опција е изводлива благодарение на релативно ограничените нивоа на деградација што се очекуваат доколку времето остане како што се предвидува, доплнето со релативно големата загуба на време за пит-стоп.
Најдобрата варијанта на оваа стратегија вклучува стартување на црвените гуми за да се искористи максимумот од нивниот почетен грип, пред да се премине на белите гуми, кои треба да обезбедат постојани и конкурентни перформанси во предвидените топли временски услови.
Алтернативната се состои од подолг почетен стинт на жолтите, пред да се финишира трката на белите гуми.
На првата Гран При трка во Монца, пред 100 години во 1922 година, победник беше Фиат 804 со гуми на Пирели, Superflex Cord, познати како "победнички пневматици".
Superflex Cord се продаваше и како гума за патнички автомобили, па така традицијата на Пирели за пренесување на тркачката технологија на обичните патишта датира со почетоците на самата патека во Монца.
Фразата дека ситуацијата во Формула 1 се се менува брзо се чини дека е воспоставено клише, но да се потсетиме. Зак Браун, шефот на Мекларен, го убеди Даниел Рикиардо да го напушти Рено и да се пресели во неговиот тим. Тоа беше објавено пролетта 2020 година, на 14 мај, каде го замени Карлос Саинц Јр..
Интересно, таа година Саинц Јр. му донесе на Мекларен повеќе поени од Ландо Норис и го освои третото место во шампионатот за конструктори. Во 2021 година, Норис го "победи" Рикиардо со мала разлика, но Даниел беше тој што му донесе победа на тимот во Монца.
И тоа се случи пред точно една година, на 12 септември 2021 година, Рикиардо и Норис забележаа двојна победа. Колку работите се сменија од тогаш. Австралиецот веќе нема договор за следната сезона, а целосно е нејасно дали воопшто ќе продолжи неговата кариера во Формула 1.
Тој беше избркан од Мекларен, заменет со друг Австралиец, брзиот и перспективен дебитант Оскар Пјастри. За време на викендот во Зандворт, еден од аналитичарите изјави дека ако на почетокот на летото Даниел бил интересен за многумина, сега никој не сака да го покани, ризикот е преголем.
Ветел веќе го најави своето пензионирање, во прашање е продолжувањето на кариерата на Рикиардо, Шумахер и Латифи. И ако сè е веќе решено во борбата за титулата, се насочуваме кон поединечно внимание од трка во трка, а тие се покажаа интересни оваа година со новите Ф1 болиди.
Во петокот и саботата возачите работеа на сува патека, а истата прогноза останува и за денот на трката. Стартот на трката е закажан за 15:00 часот, време со кога воздухот ќе се загрее до +27 степени со релативно облачно небо и слаб јужен ветер. Веројатноста за врнежи е 0%.
ДЕН ЗА ТРКА, ВОВЕД ВО ИТАЛИЈАНСКОТО ГРАН ПРИ
9/11/2022 10:53:00 AM
0
Share to other apps