Сите очекуваа објава за Ауди, но тигарот можеше да има само едно значење. Алфа Ромео и официјлано објави дека го продолжи договорот со Џоу Гуанју за сезоната 2023.
Во текот на успешната дебитантска година, Џоу покажа нивоа на зрелост и тркачки способности и покрај неговата младост, придонесувајќи за развојот на тимот и борбата за 6-тото место во шампионатот за конструктори.
Џоу, првиот кинески возач кој се тркал во Формула 1, пристигна во шампионатот оваа година откако заврши на третото место во Формула 2 зад Оскар Пјастри и Роберт Шварцман.
Шестте бода што ги освои досега на своето деби, со осмата позиција во Канада како најдобар резултат, беа доволни да го убедат раководството на Алфа Ромео повторно да го ангажира.
Ова заедно со спонзорството што го носи ја компензира разликата од повеќе од 50 поени со неговиот тимски колега Валтери Ботас.
"Среќен сум и благодарен на Алфа Ромео за можноста да бидам дел од тимот уште една сезона."
"Пристигнувањето во Формула 1 беше остварување на сонот и чувството да се натпреварувам во Ф1 трка ќе живее со мене засекогаш."
"Тимот ме поддржа на неверојатен начин, тој ме пречека од првиот ден и ми помогна да се прилагодам на најкомплексната категорија во мотоспортот", рече Гуанју.
Со ова возачката постава на Алфа Ромео за 2023 година е комплетирана, па остануваат само три возачки места за следната сезона, едно во Алпин/АлфаТаури, едно во Вилијамс, едно во тимот на Хас.
Мекларен пак не изненади со нов изглед за Големата Награда на Сингапур и Јапонија. Тимот се осмели да ја измеша својата папаја портокалова со примеси на розова боја и резултатот е допадлив, но како за кого.
Стил како од видео игра. Дали ви се допаѓа?
Мекларен и и нивниот спонзор од дејноста на крипто валутите OKX се здружија за да создадат специјален изглед на MCL36 за наредните две трки.
Забавен, футуристички дизајн , наречен иден режим, кој ја истакнува флуоресцентната папаја портокалова и ja комбинира со впечатлива неонска розова и киберпанк инспирирана слика над моторот.
Овој изглед го претставува доаѓањето на нови технологии, во однос на светот на криптовалутите и визија за иднината инспирирана од пејзажите на Сингапур и Јапонија.
Со овој дизајн тие сакаат да ја одразат природата на пазарите на криптовалути, кои никогаш не спијат. Тие го слават и враќањето на Формула 1 во Азија по три долги години од пандемијата на Ковид-19.
Новиот изглед за прв пат ќе може да се види во живо на првиот тренинг за Големата награда на Сингапур. Ландо Норис и Даниел Рикиардо исто така ќе носат соодветни тркачки комбинезони за време на овие два викенда.
Ова специјално обојување ќе биде достапна во официјалната видео игра F1 2022 од 11 Октомври.
ЏОУ ГУАНЈУ ПРОДОЛЖУВА ВО АЛФА РОМЕО, МЕКЛАРЕН СО НОВ ИЗГЛЕД
9/27/2022 11:25:00 AM
0
Share to other apps