Заминувањето на Фернандо Алонсо и потпишувањето на Оскар Пјастри со Мекларен оставија празнина во Алпин. Францускиот тим уверува дека не се брза да го избере својот втор возач, бидејќи смета дека тоа не е од огромно значење за нивниот развој.
Всушност, за некои од кандидатите подготвија тест сесија за оценување на нивните тркачки можности на патеката Хунгароринг.
Лоран Роси, извршен директор на Алпин: "Ќе одвоиме повеќе време, не сакаме да направиме грешка. Нема брзање. Со сета скромност, моментално ја имаме најдобрата понуда во падокот во моментов."
"Ние сме четвртиот тим на гридот, па луѓето не чекаат пред да донесат одлука. Избравме 14 возачи, како што претходно најави Отмар. Сега ни останаа уште шестмина. Некои уште не се целосно слободни да направат промена, а други можеби не одговараат на нашата слика за иднината."
Во врска со заминувањето на Пјастри, Роси тврди дека најголемото разочарување на тимот е недостатокот на лојалност, но тој знае дека драмата е дел од Формула 1.
"Знаевме дека тоа ќе биде еден вид сапунска опера. Знаевме дека ќе има драма и подготвени сме за следниот пат, нашата кожа станува подебела, но проектот продолжува..."
"Ние напредуваме и се движиме во вистинската насока. Возачот е важен, но болидот е најважен. Разликата со Мерцедес АМГ е половина секунда, а разликата со Ферари е една секунда. Перформансите на ниту еден возач не можат да надополнат половина или пак цела секунда."
ВОЗАЧОТ Е ВАЖЕН, НО БОЛИДОТ Е НАЈВАЖЕН
9/24/2022 11:26:00 AM
0
Share to other apps