Чарлс Леклер беше најбрзиот возач на последниот тренинг за Големата Награда на Холандија. Моначанецот го забележа најбрзото време, на црвените гуми на Пирели, и беше за 67 илјадитинки побрз од Џорџ Расел на второто место.
Макс Ферстапен беше трет најбрз со заостанување од 160 илјадити делови од секундата. Карлос Саинц Јр. заврши четврт, пред Луис Хамилтон и Серџо Перез. Со оглед на минималните разлики не очекуваат супер интересни квалификации, кои се закажани за 15:00 часот.
Тркачката линија на патеката во Зандворт со секој изминат час станува се повеќе и повеќе "гумирана" што значително ја подобрува тракцијата на Ф1 болидите, но надвор од неа асфалтот останува нечист, ветерот ноци песок, а по трките за поддршка имаше многу фрагменти од истрошени гуми.
Тимовите ја продолжија работата со пневматиците што ја започнаа претходниот ден, а Пирели за оваа трка ги донесе најтврдите смеши од својата понуда. Тренинг сесијата помина без поголеми проблеми.
Рикиардо мина низ чакалот покрај 12-от свиок, без никакви последици за болидот. Леклер се сомневаше дека го оштети подот на рабниците, се врати во својата гаража, но неговите механичари не пронајдоа оштетувања и тој повторно се врати во акција на патеката.
За време на тренингот на болидите на Мекларен беа сменети поставките на амортизацијата. При крајот, Пјер Гасли излета во деветтиот свиок, при тоа соборувајќи го знакот од морска пена, по што се врати во својата гаража.
САБОТНИОТ ТРЕНИНГ НАЈАВИ ИНТЕРЕСНИ КВАЛИФИКАЦИИ
9/03/2022 01:51:00 PM
0
Share to other apps