Макс Ферстапен на саботниот тренинг ги покажа сите адути на Ред Бул и немаше конкуренција за најбрзото време. Возачот на Ред Бул беше најбрз и на жолти и на црвени пневматици, три десетинки пред Чарлс Леклер на второто и шест десетинки пред Серџо Перез на третото место на табелата. Карлос Саинц Јр. заврши со четвртото најбрзо време, а Фернандо Алонсо беше најбрз од останатите.
Утринава од тимот на Вилијамс објавија дека до крајот на тркачкиот викенд во Монца, на местото од Алекс Албон, кој има проблеми со слепото црево, ќе вози Ник де Врис.
Во петокот, Ник де Врис ја одработи првата тренинг сесија зад воланот на Астон Мартин. За минатогодишниот шампион во Формула Е, неделната трка во Монца ќе биде деби во Формула 1.
Во Вилијамс, Ник се сметаше за еден од кандидатите за следната сезона и неочекувано тимот доби можност да работи со него за време на викендов во Монца. Тој излезе на патеката дури во 25-тата минута од сесијата, кога механичарите му го наместија седиштето и подесија педалите.
Мик Шумахер го загуби речиси целото време определено за денешниот тренинг. При обидот за стартување на неговиот болид се појави проблем со кумплунгот, кој мораше да се замени, така што Германецот на патеката се појави во последните десет минути.
Сесијата помина без поголеми проблеми. Валтери Ботас мораше да ги блокира тркалата за да не удри во Саинц Јр., кој неочекувано ја намали брзината во првиот свиок. Стјуардите го истражуваат овој инцидент.
Ник де Врис имаше момент низ чакалот во првиот Лезмо, но продолжи да вози.
ФЕРСТАПЕН ВО ЕЛЕМЕНТ, НО ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА ЗА НЕГО Е НЕДОСТАПНА
9/10/2022 02:19:00 PM
0
Share to other apps