Големата Награда на Холандија минатата година се врати во Ф1 календарот и се одвива на историската патека Зандворт. Долгата пауза, која започна во 1985 година, траеше до 2020 година, пред се по заслуга на големата армија на фанови на Макс Ферстапен.
Зандворт е патека богата со историја, традиционално место за европската турнеја на трки, место каде што беа напишани престижни страници во историјата на нашиот омилен мотоспорт.
Оригиналната патека можеби ја нема, но наследството живее во новата конфигурација, кој вклучува многу од оригиналните свиоци, вклучувајќи го и фантастично именуваниот Тарзан свиок, кој што обезбедува една од најспектакуларните места за претекнување.
Новата патека дава можности, кои тимовите ќе треба да бидат подготвени да ги искористат максимално, од самиот старт, па се до развејување на коцкестото црно/бело знаме за крај на трката. Секоја секунда ќе биде клучна за успех.
Конфигурацијата на патеката во Зандворт се издвојува како една од најнеобичните во Ф1 календарот, со брз, течен распоред и чувство на "старата школа". Имаме вистинска мешавина на брзи свиоци, што ќе ги стави на тест многу аспекти на перформансите на болидот и обезбедува вистински предизвик за возачите.
Зандворт нуди вистинко ролеркостер искуство за возачите, со нагорнините и удолнините помеѓу песочните дини. Еден од највпечатливите елементи на патеката се супер-брзите свиоци 13 и 14, а нагибот од 18 степени ќе додаде значително оптоварување на гумите преку овој дел, што ќе влијае на издржливоста и траењето на гумите.
Климатски, времето во Зандворт може да биде доста променливо, што може да предизвика некои потенцијални проблеми со гумите, како што се грејнинг или блистеринг. Па, со оглед на завршниот свиок, и останатите брзи свиоци, не е изненадувачки што Пирели ги избра најтврдите смеши во нивниот опсег.
Како најбрза опција за поминување на 72 круга од Големата Награда на Холандија, барем на хартија, е со две застанувања во бокс за промена на пневматиците, но тоа не ја исклучува опцијата со едно застанување.
Ако некој од тимовите се реши за два пит-стопа, најдобро е трката да се започне на црвените гуми. Потоа може да следуваат два стинта на жолтите, доколку се достапни во рамките на распределбата на секој возачот, како што е случајот со Ред Бул, или еден стинт на жолти, па повторно на црвените како во случајот на Ферари и Мерцедес АМГ кои имаат само еден нов сет на жолти гуми.
Стратегијата со едно застанување во бокс може да биде жолти па бели или црвени па бели, за да се има дополнителна брзина на почетокот на трката. Можна е и варијанта црвени-жолти, но е потребно големо менаџирање на абењето, т.е. период од трката кога не ќе може да се форсира со цела сила.
Старт на жолтите гуми дава поголеми можности, но сепак може да се бира помеѓу едно или две застанувања во бокс, дури и ако се стартува на црвените гуми.
Постојат неколку варијабли кои влијаат на овие теоретски пресметки, како што се количината на деградација на црвените гуми и количината на грип на белите.
Ова е патека од т.н. стара школа со мали безбедносни зони за излетување, а досегашната акција сугерира дека е голема веројатноста за излегување на безбедносниот автомобил, а тоа ќе значи гратис пит-стоп.
Со оглед на тоа што овогодинешната генерација на болиди и гуми помага да се престигне, позицијата на патеката можеби не е приоритет како што беше порано, што начи дека може да фаворизира некои поагресивни стратегии со две застанувања.
Ограничувањето на брзината во боксот, 60 км/ч, е пониско отколку на повеќето други патеки, што значи дека е потребно малку подолго за да се помине пит-линијта.
Во петок и сабота возачите работеа на сува патека, но за денес можни се врнежи од дожд. Ветерот ќе стивне и ќе го промени правецот, небото ќе биде покриено со облаци, но ќе биде топло.
Во 15:00 часот кога е закажан стартот на трката, температурата на воздухот треба да достигне 24 степени, а веројатноста за врнежи не надминува 25%.
Макс Ферстапен е роден во Белгија, но се смета себеси за Холанѓанец и настапува под холандска лиценца. За него ова е втора домашна трка во низа, по триумфот на СПА-Франкоршамп, повторно од него се очекува само победа.
Згора на тоа, минатата година Макс стартуваше од Пол позицијата, водеше поголем дел од трката и на крај забележа Победа на Големата Награда на Холандија која се врати во календарот. Тоа беше негова седма победа во сезоната, преземајќи го водството во жестоката борба за титулата, а годинава веќе има девет победи, оставајќи ги своите ривали далеку зад себе.
Кој се сеќава дека пред пет месеци, по Големата Награда на Австралија, Ферстапен заостануваше 46 поени зад Леклер. Моначанецот има само една победа од тогаш, а Макс осум, па предноста од 93 поени пред тимскиот колега Перез и 98 поени пред Леклер не остава сомнеж дека и годинешната Титула ќе оди во негови раце.
Прашањето е само на која патека ќе ја завери и теоретски. Доколку продолжи со ова темпо, тоа може да се случи веќе во Сузука. Болидот на Ред Бул вози како по шини, а тимот работи без проблем. Неколкуте проблеми со пумпата за гориво на почетокот на сезоната се минато, сега секој дел од РБ18 работи како што треба.
Кога се појави потенцијална закана, на пример, во форма на новата техничка директива на ФИА, Ред Бул агресивно инсистираше на нејзино одложување, го подготвуваа потребното решение и по воведувањето на минатата трка не само што не ги чинеше ништо, туку како да направија два чекори понапред од своите ривали.
Пролетта многубројните тифози се надеваа дека конечно ќе видат нов успех на Ферари, но тимскиот шеф Матија Биното беше во право кога велеше дека тимот нема да може да се бори за титулите оваа година. Тогаш тоа беше сфатено како манифестација на слабост, но сега е јасно дека ова е само констатација на факт.
Холандското ГП е втора во серијата од три трки со кои се комплетира европскиот дел од сезоната. Следува Монца, а по пауза настаната по откажувањето на трката во Сочи, следува тројна серија од по две последователни трки: Сингапур - Јапонија, САД - Мексико и Бразил - Абу Даби.
Новото раководство на Формула 1 сериозно го реформира шампионатот. Вообичаениот формат на тркачкиот викенд се менува, календарот станува се порегионален, губејќи историски места и патеки. Старите фанови не сакаат промени, па старата публика е се помала, не само поради годините.
Тие се заменети со нови фанови, а заедно со тоа акцентот се префрла од спорт на шоу. Секоја ера има свои идоли, но она што загрижува е промената на некои барем за нас чудни општествени вредности, за кои веруваме дека се многу пониски од оние на кои бевме навикнати во минатото.
ДЕН ЗА ТРКА, ВОВЕД ВО ХОЛАНДСКОТО ГРАН ПРИ
9/04/2022 11:14:00 AM
0
Share to other apps