Многу интересно е да се слушне и прочита впечатливата разлика помеѓу тимската комуникација на Џорџ и Луис при периодот на безбедносниот автомобил.
Џорџ веднаш размислува да се префрли на црвените гуми, дури и ако тоа значи губење на позицијата од Чарлс Леклер, сугерирајќи дека знае дека ќе има темпо да го престигне или знае дека ќе биде многу тешко да се направи рестарт на жолтите гуми.
Разговор на оваа тема, помеѓу Макс Ферстапен и него, слушнавме во собата за освежување, кога холанѓанецот коментираше дека Луис немал грип по рестартирањето. Жолтите гуми беа направени од C2 смешата, втора најтврда во опсегот на Пирели.
Во меѓувреме во комуникацијата помеѓу Луис и Боно не се спомнува запирање. Дури и кога Макс се префрли на црвените гуми, Луис ја претпочита позицијата на патеката и се чини дека е задоволен што останува надвор на жолти гуми со Џорџ зад него. Луис не прашува за Леклер, а Боно не го известува за застанувањето на Ферарито.
Јасно е дека Мерцедес АМГ се очајни да ја извојуваат својата прва победа сезонава, но оставањето на двајцата возачи на жолтите гуми, кога Макс и Чарлс беа во бокс никогаш немаше да биде добра одлука.
Со оглед на тоа што возачите на Мерцедес АМГ цела сезона имаат проблеми со загревањето на пневматиците, и во квалификации и во трка, нивните проблеми при рестартот беа предвидливи. На крајот Луис заврши 13 секунди зад Макс, 9 секунди зад Џорџ и 2 секунди зад Чарлс.
Позицијата на патеката, дури и на патека како Зандворт, се чини дека не е премногу голема добивка со новите правила, особено кога имате многу побрз болид зад вас на побрзи и пред се нови гуми.
Каде настана проблемот за Мерцедес АМГ и Луис Хамилтон? Дали инстинктивно сеуште ставаат приоритет на позицијата над нов сет на пневматици или тоа е навиката дека вториот возач на Мерцедес АМГ работи за Луис?
На крај можеби тие се премногу навикнати да го имаат најбрзиот болид, оној кој беше ракета на правците и карактеристиките на старите правила.
Тогаш, која беше причината што беа променети гумите на болидот на Џорџ? Барем на ова лесно е да се одговори, најголемата причина е Џорџ Расел, чие размислување сеуште не е влезено во матрицата - сите работиме за Луис.
ЏОРЏ РАСЕЛ VS ИНЖЕНЕР:
ИНЖ: Безбедносен автомобил, безбедносен автомобил, држи ја делтата позитивна, остануваш на патеката.
ЏОРЏ: Дали си сигурен? Не сакате да смениме на меки?
ИНЖ: Остануваш на патеката.
ЏОРЏ: Што ќе се случи ако ставиме меки? Каде ќе паднеме?
ИНЖ: Биди подготвен, биди подготвен.
ЏОРЏ: Ако е само Ферстапен, ако е само Леклер, би бил среќен да сменам.
ИНЖ: Значи ние остануваме на патеката, остануваме на патеката. Делта, делта. Остани блиску до твојата делта.
ЏОРЏ: Потврдете дека останувам на патеката?
ИНЖ: Остануваме на патеката, остануваме на патеката. Внимавај на Ферстапен на излезот, остани во близина. Ферстапен застана во бокс за меки. Значи има уште 16 круга до крајот. Загревај ги гумите и сопирачките.
Во бокс застана и Леклер, замисли за меки гуми. Безбедносниот автомобил ќе помине низ пит-линијата, така што треба да го следите низ пит-линијата, не застануваш.
ЏОРЏ: Зошто да не? Ајде да смениме. Ајде да смениме меки гуми. Ги губам гумите, мислам дека треба да ставиме меки.
ИНЖ: Добро, изгради разлика, изгради разлика. Стоп, стоп, стоп, бокс, бокс, бокс, бокс, бокс!
ЛУИС ХАМИЛТОН VS ИНЖЕНЕР(БОНО):
ИНЖ: Безбедносен автомобил, безбедносен автомобил, држи ја делтата позитивна. Премини во страт мод 1.
ЛУИС: Дали Ферстапен доби шанса за влез во бокс?
ИНЖ: Ферстапен е веќе во пит-линијата, ние остануваме на патеката. Остани на патеката, остани на патеката! Ќе биде блиску со Ферстапен на излезот. Делта позитивна.
ЛУИС: Какви гуми?
ИНЖ: Ферстапен стави меки, тој моментално е зад Џорџ.
ЛУИС: Колку кругови?
ИНЖ: Имаме уште 15.
ЛУИС: Разбирам.
ИНЖ: Безбедносниот автомобил низ пит-линијата. Да, само запомни да останеш на брзата лента, остани во брзата лента низ која поминувате.
ЛУИС: Зошто Џорџ застана? (Веројатно го гледа на ретровизорите.)
ИНЖ: Не знам Луис, ќе те известам.
ЛУИС: Тоа беше грешка пријателе. (Имавме позиција на патеката. Имавме тампон зона меѓу нас, сега го немаме тоа.)
СТРАТЕЗИТЕ НА МЕРЦЕДЕС АМГ НА НИВОТО НА ФЕРАРИ
9/05/2022 03:28:00 PM
0
Share to other apps