Ферари се подготвува да излезе со посебен изглед за Големата Награда на Италија која овој викенд се вози на легендарната Монца.
Болидот, како и тркачките костуми и кацигите на возачите Чарлс Леклер и Карлос Саинц Јр. ќе имаат жолти нијанси за да го прослават потеклото на брендот со боја која е дел од историјата на Ферари.
Од почетоците на Скудерија во 1929 година и подоцна кога автомобилската компанија беше основана пред 75 години, Енцо Ферари ја избра жолтата, која заедно со сината е една од боите на амблемот на Модена, за да се најде на грбот на компанијата. Се ова е со цел да се одбележи многу посебна пригода, 100-годишнината на патеката во Монца.
Ферари наведува дека жолтата отсекогаш била дел од брендот Маранело заедно со црвената. Сепак, на почетокот на 20 век, Меѓународната асоцијација на признати автомобилски клубови ја утврди црвената боја како официјална боја за црвените тркачки автомобили.
Кога се дизајнирало логото на Ферари, Енцо го напишал следново: "Кавалино беше и остана црно. Јас додадов канаринско жолта во позадина, која е бојата на Модена."
Амблемот дебитираше на Алфа Ромео на 24 часа СПА-Франкоршамп во 1932 година и, иако многумина ја нарекувале боја на лоша среќа, ним им донесе среќа бидејќи победија на трката. Оттогаш тој е во болидите на Ферари.
Ќе им донесе ли среќа овој викенд?
ФЕРАРИ СО СПЕЦИЈАЛЕН ИЗГЛЕД ЗА МОНЦА
9/07/2022 05:48:00 PM
0
Share to other apps