По трката во Зандворт, двата тима на Ред Бул и Алфа Таури беа обвинети за меѓусебно помагање.
Причината беше серијата чудни настани, кои се случија во 44-от круг, кога Јуки Цунода застана на патеката, се врати во боксот, повторно излеза на патеката и на крајот го паркираше болидот покрај патеката, по што беше воведен режим на виртуелен безбедносен автомобил.
Ова влијаеше на текот на трката, која на крајот заврши со победа на Макс Ферстапен. АлфаТаури застана силно против овој вид на теории на заговор.
"Неверојатно е болно да се прочитаат некои од несоодветните коментари упатени кон нашиот тим, како и кон Хана Шмиц, главен стратег на Ред Бул. Нема да толерираме такво прикажување на омраза и обвинувања за валкана игра."
"Сето ова е целосно невистинито и непочитување кон Хана и нас. Додека се тркаме, секогаш сме се придржувале до принципите на независност, правичност, највисока почит и спортска чест."
"Болидот на Јуки имаше технички проблем кој тимот не можеше веднаш да го идентификува, а тој застана на патеката токму поради ова. Да се изнесат какви било други претпоставки е навредливо и категорично погрешно."

Со опомената што Јуки Цунода ја доби за небезбедно возење (олабавен сигурносен појас) го надмина бројот на опомени и во Монца треба да добие казна со губење на десет места на стартот.
Таквата казна автоматски се доделува на возач кој добил пет опомени во текот на сезоната, а четири од нив мора да се за тркачки грешки.
ФИА: "По пит-стопот, возачот на болидот со бр. 22 застана на патеката, одлучувајќи дека едно од тркалата е погрешно поставено. Истрагата откри дека всушност имало проблем со диференцијалот, па болидот не бил во небезбедна состојба."
"За време на истрагата, возачот призна дека откако застанал на патеката, бил подготвен да го напушти болидот и почнал да го олабавува безбедносниот појас без да го одврзе."
"После тоа возеше назад во боксот, каде механичарите повторно ги стегнаа ремените. Невозможно е точно да се одреди до кој степен појасот бил олабавен од возачот."