Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Белгија.
ПОБЕДНИЦИ
Макс Ферстапен, П1: "Неверојатно! Вчера имавме тежок ден, целиот тим работеше навистина напорно во текот на ноќта за да се подобриме. Денес, повторно, имавме брз болид кој беше пријатно да се вози."
"Квалификацискиот круг на оваа патека е неверојатен. Знам дека ќе имаме блиска борба за време на трката, но мислам дека ако ги направиме вистинските стратегиски одлуки, утре треба да имаме добри шанси за победа."
"Атмосферата е неверојатна, се надевам дека фановите одлично се забавуваат, навистина ја чувствувам поддршката и ги слушам насекаде низ патеката."
Мик Шумахер, П8: "Прекрасно е да се биде во Q3 и очигледно дека сме многу задоволни со нашите перформанси. Ова е неочекуван пласман, бидејќи очекувавме дека ќе отпаднеме од борбата во Q2, но стигнавме до Q3 и сега имаме добра стартна позиција за утре."
"Не направивме големи промени, само "фино" го дотеравме болидот и за среќа го започнавме викендот со одличeн сет-ап, така што не моравме да правиме големи промени. Особено е добро кога имате самодоверба и добро подесен болид."
Карлос Саинц, П3: "Знаевме дека сме подготвени за добра битка и имавме едни од најблиските квалификации во годината. Да се заврши на П3 на помалку од една десетинка од времето за пол позиција, покажува колку мали беа денешните разлики."
"Очекувам блиска борба и на утрешната трка со уште повеќе болиди во комбинација, но убеден сум дека можеме да се бориме за првите места. Престигнувањето може да биде малку полесно од минатата година и стратегијата ќе игра голема улога."
"Вечерва заедно со тимот ќе ги процениме сите расположливи опции за да го максимизираме резултатот во трката."
ГУБИТНИЦИ
Себастијан Ветел, П19: "При мојот последен Q1 круг собрав малку песок на моите леви тркала на влезот до 13-от свиокот. Во тој момент, бев фокусиран на што подобро поминување низ свиокот, не пробував ништо екстремно, и во еден момент го изгубив болидот."
"Претпоставувам дека може да се каже дека ме фати "зандот(песок)" во Зандворт. Моето темпо до тој момент изгледаше многу добро, и лесно ќе поминев во следната Q2 сесија, плус мислам дека веројатно можевме да стигнеме и до Q3."
"Ова е голема штета, и ги отежнува работите за утре бидејќи ќе стартуваме последни. Ќе видиме дали можеме да најдеме паметно стратегиско решение, но веројатно ќе биде долго попладне."
Чарлс Леклер, П2: "Како возач, секогаш ја таргетирате пол позицијата, но, денес Макс направи се како што треба, без нити една грешка. Балансот на болидот се подобри во споредба со петочните тренинг сесии."
"Q1 и Q2 беа малку незгодни. Пробавме различни работи во загревачките кругови и на крај предниот дел беше малку посилен што беше добро затоа што можев да притискам повеќе."
"Имам добро чувство за утрешната трка, иако ова е патека на која е прилично тешко да се престигне, па се надевам дека ќе имаме блиска борба, како денес, и дека ќе можеме да парираме на Макс."
Кевин Магнусен, П18: "Утрово на тренингот се изгледаше добро и од некоја причина балансот на болдиот повторно исчезна."
"Првиот круг во Q1 изгледаше прилично пристојно, па затоа сум малку збунет што немав дополнителен грип, како сите останати, при вторите обиди."
"Jас добив само две десетинки, додека некои други добија осум десетинки или секунда подобрување. Ќе дадам се од себе на утрешната трка и ќе видиме што можеме да направиме."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО ЗАНДВОРТ
9/03/2022 08:52:00 PM
0
Share to other apps