Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Италија.
ПОБЕДНИЦИ
Чарлс Леклер, П1: "Јас сум многу среќен. Монца е секогаш посебна и да се обезбеди пол позицијате овде пред нашите тифози, е неверојатно чувство. Уште повеќе по проблемите во СПА-Франкоршамп, уште една брза патека со слични карактеристики."
"Работевме напорно за да направиме подобрувања и се чини дека станавме поконкурентни. Се чувствував сигурен во болидот уште од првиот тренинг и нашето тркачко темпо беше солидно, па се надевам дека ќе можеме да ја претвориме оваа пол позиција во победа на утрешната трка. Јас ќе дадам се од себе за тоа да се оствари."
Ник де Врис, П8: "Прво, сакам да кажам дека се чувствувам лошо за Алекс и се надевам дека неговото закрепнување ќе биде брзо."
"Како и да е, тоа беше одлична можност за мене, но голем предизвик. Генерално, задоволен сум од тоа како се помина, но дефинитивно чувствувам дека можев да направам подобар резултат. Ова беше позитивна сесија."
"Со казните, позитивно е што ќе стартувам понапред на гридот, но имам домашна задача за вечерва, за што подобро претставување на утрешната трка."
Макс Ферстапен, П7: "Мислам дека квалификациите поминаа добро. Овој викенд болидите на Ферари се брзи, па знаевме дека денес ќе имаме блиска борба."
"Го подесивме болидот за трка, одлучувајќи се за малку поголема потисна сила. Во текот на еден квалификациски круг не беше најдобро, но мислам дека утре ќе бидеме моќни. Но, сепак бевме доста блиску, така што тоа е позитивно."
"Утре ќе имаме интересна битка, а на стартот јас ќе се обидам да се држам настрана, избегнувајќи инциденти. Нема да преземаме непотребни ризици, немаме потреба да победуваме на секоја трка од сега до крајот на сезоната, но ако ги "исчистам" сите болиди пред мене, тогаш секако ќе атакувам на победата."
ГУБИТНИЦИ
Николас Латифи, П10: "Прво, му посакувам на Алекс брзо закрепнување и се надевам дека ќе се врати наскоро. Направив грешка во првиот свиок и не извозев брз круг на мојот втор комплет гуми."
"Тоа е фрустрирачки, но јас сум таму каде што очекував да бидам. Тоа е еден од најтешките свиоци за нашиот болид. Гледајќи кон утрешната трка, ние сме брзи на правците, но ја губиме стекнатата предност во свиоците, па така се зависи од балансот на болидот. Ќе стартуваме понапред поради казните, па ќе видиме што ќе се случи."
Себастијан Ветел, П11: "Бев среќен со кругот што го направив денес, што беше разумен напор од моја страна. На крајот имав само еден обид поради проблеми со каросеријата при првото возење, што значеше дека не можев да влезам во ритам."
"Генерално, овој викенд не e лесен за нас. На оваа патека, поради некоја причина, едноставно не сме особено конкурентни. Но, утре е нов ден и ќе се обидеме да напредуваме."
"Ќе добиеме неколку позиции на гридот, па затоа треба да стартуваме од средината на поредокот. Обично сме поконкурентни во недела, па да видиме што можеме да постигнеме утре."
Кевин Магнусен, П16: "Беше тешко како што очекувавме. Мислам дека бевме блиску до влез во Q2, но и ако тоа се случеше, да не ми беше избришано времето од вториот круг, ќе бевме многу изненадени ако поминевме понатаму."
"За утре ќе видиме како ќе се одвиваат работите, секогаш е интересно кога има многу болиди надвор од нивната вообичаена стартна позиција."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО МОНЦА
9/10/2022 08:45:00 PM
0
Share to other apps