Изминатата недела се појавија гласини дека преговорите меѓу Порше и Ред Бул за нивната идна соработка во Формула 1 се неуспешни, а денеска тоа беше и официјално потврдено.
Прес-службата на познатиот германски производител на спортски автомобили објави соопштение во кое се вели:
"Во текот на изминатите неколку месеци, Porsche AG и Red Bull GmbH преговараа за можноста Порше да влезе во Формула 1. И двете компании сега дојдоа до заклучок дека овие преговори нема да продолжат."
"Тие отсекогаш се засновале на премисата дека партнерството треба да се заснова на принципите на еднаквост, дека ќе вклучува не само снабдување со мотори, туку и работа со тимот."
"Но, не беше можно да се договориме за ова. Бидејќи новите регулативи се веќе одобрени, шампионат како Формула 1 сè уште останува атрактивен за Порше, така што ќе продолжиме да го следиме развојот на ситуацијата."
Германскиот бренд не прецизираше дали ова е нивно збогување со Формула 1 или планираат да продолжат со нивната цел да бидат присутни во шампионатот, но на друг начин.
Порше сакаше да земе 50% од акциите на тимот и да стане косопственик заедно со Ред Бул, нешто на што Кристијан Хорнер, Хелмут Марко и Адријан Њуи жестоко се противеа, додека Дитрих Матешиц елоквентно молчеше.
За Порше Ф1 ќе претставуваше моќна маркетиншка алатка, па затоа не сакаа да бидат само производител на ПЕ, туку и сопственици на тим. Сега ќе мораат да видат какви опции имаат надвор од Ред Бул ако сакаат да влезат во Формула 1.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.