Чарлс Леклер го заврши првиот тренинг за Големата Награда на Италија со најбрзо време, следен од Карлос Саинц Јр. и Џорџ Расел. Сепак, треба да се напомене дека Макс Ферстапен не можеше да го заврши својот брз круг на најмеките гуми, поради блокирање од страна на Ландо Норис, па неговото време не ја отсликува реалноста.
Ферари одлично го започна викендот, со двајцата возачи на врвот од табелата, на домашната за нив патека - Монца, каде се вози последната трка на европско тло. Првиот тренинг започна со 25 степени амбиентална температура и 35 степени на асфалтот.
Десет минути пред почетокот на првиот тренинг, во падокот имаше едноминутно молчење во спомен на кралицата Елизабета Втора, која почина еден ден претходно.
Многумина од падокот се британци, па носеа обележја во црна боја како знак на жалост.
Привремени промени имаше во два тима. Во Хас Антонио Џовинаци седна зад воланот на болидот на Мик Шумахер, во Астон Мартин Ник де Врис го замени Себастијан Ветел.
Вчера, Пјер Гасли не се чувствуваше баш најдобро, па не се појави на патеката, но денес беше на своето работно место. По четири поминати круга, тимот го повика да се врати со својата гаража, гледајќи проблеми со болидот на телеметрија, но потоа Французинот повторно имаше можност да излезе на патеката.
Седницата помина без проблеми. Гасли ја "скрати" првата шикана, Норис го спречи брзиот круг на Ферстапен, Саинц Јр. му посмета на Џорџ Расел. Карлос Саинц, по грешка при сопирање, излета во чакалот во Аскари без последица по болидот.
Трката во Монца веќе се претвора во копија на СПА-Франкоршамп, каде речиси половина од возачите добија казни за промена на елементи на нивните погонски единици.
Едно од најголемите изненадувања е казната за Макс Ферстапен, кој веќе беше казнет во СПА, засега монтира само петти мотор како дел од целокупната ПЕ, но најверојатно следуваат и други делови или менувач.
Дополнително, потврдени се промените на елементите и на болидите на Карлос Саинц Јр., Серџо Перез, Луис Хамилтон, Валтери Ботас, Јуки Цунода. Јапонецот има и 10 стартни места автоматска казна за собрани 5 опомени од стјуардите, од кои 4 поврзани со возење.
И покрај казната што ќе ја има Макс, од Ред Бул, но и сите ние очекуваме дека Холанѓанецот нема да има поголеми проблеми да се бори за Победата, исто како и на СПА-Франкоршамп.
Монца е една од патеките во Ф1 календарот која што најмногу го фаворизира Ред Бул. Сепак, оваа изненадувачка санкција може да додаде малку интрига во тркачкиот викенд, кога мислевме дека ќе гледаме уште една лесна победа.
ФЕРАРИ СО ДОБАР СТАРТ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН
9/09/2022 03:16:00 PM
0
Share to other apps