За време на Големата Награда на Соединетите држави, Чарлс Леклер ќе го добие новиот мотор на Ферари со спецификација за 2023 година. Моначанецот ќе го направи првиот тест за следната сезона, а со тоа ќе добие казна од најмалку пет позиции на гридот.
Тоа ќе биде трет и во принцип последен пат како добива казна за оваа сезона. Викендот во Остин е одбран, бидејќи Патеката на Америка е една од најоптималните во однос на можностите за претекнување, па Ферари сака да ја искористи можноста да монтира нов мотор во болидот на Леклер.
Секако развојот на ПЕ е невозможен со правилата, па така новите спецификации се однесуваат на редизајнирање на постоечките елементи со цел подобрување на издржливоста.
Новиот мотор ќе му овозможи да ја заврши сезона во која се бори за вицешампионската позиција без страв од нова можна казна. Погонската единица на Ферари во 2022 година, дизајнирана од Волф Цимерман, беше голем чекор напред во однос на перформансите, иако од ГН на Шпанија, издржливоста им создава големи главоболки.
Италијанците сè уште не ја имаат пронајдено идеалната рамнотежа помеѓу двата аспекта, но тие се задоволни од стратегијата избрана пред да замрзнување на равојот на тековните погонски единици.
Со овој нов мотор во болидот на Леклер, Ферари ќе може да ја зголеми моќноста на ПЕ, откако таа мораше да биде намалена на последните трки. Дали ќе остане без дефект ќе покаже праксата.
Хибридниот систем од трката во СПА-Франкоршамп има помоќно мапирање кое не беше возможно да се покаже поради конзервативните поставки на моторот.
Оваа казна го остава Карлос Саинц Јр. како главен адут на Ферари во Остин, бидејќи со неменување на моторот тој е единствениот кој има опции да се бори за Пол позицијата. Во случај Ф1-75 да функционира добро, не е исклучено брзо враќање на Леклер, но оваа сабота Шпанецот ќе биде тој што ќе атакува на првата стартна позиција за недела.
Сепак, Дучеса, италијански новинар со добри врски во Ферари, вели дека ќе има промена на мотор, но ништо поврзано со користење на полна моќност. Тој вели дека тоа е само промена на моторот и тоа е тоа, со предностите што ги носи новиот мотор, но сепак со проблемите со издржливоста што треба да се решат.
Роберт Шварцман ќе учествува на првата тренинг сесија за Големата Награда на Соединетите Држави. Тест возачот на Ферари ќе седне зад воланот на болидот на Чарлс Леклер. За Русинот, кој се натпреварува под израелска лиценца, ова ќе биде деби на официјална Ф1 сесија.
"2022 сезоната се покажа како многу тешка, бидејќи немам учество во ниту една тркачка серија. Наместо тоа, цело време го поминав работејќи за Ферари. Работев многу на симулаторот и многу ми е драго што придонесов за напорите на тимот."
"Дебито на официјална Ф1 сесија со болдидот на Ферари е голема чест за мене. Јас сум првиот возач по многу години на кого му се доделува оваа можност, така што претстојниот петок ќе биде посебен за мене."
"Возбуден сум, но во исто време, едвај чекам да седнам зад воланот на Ф1-75 и да го споредам симулациското искуство со реалноста. Патеката е многу интересна и доста тешка. Се подготвував на симулаторот, но сега ја чекам можноста да ја проценам патеката во реалниот живот."
ЛЕКЛЕР ДОБИВА НОВ МОТОР СО 2023 СПЕЦИФИКАЦИЈА
10/19/2022 08:06:00 PM
0
Share to other apps