Организаторите на Големата Награда на Сингапур со почетокот на продажбата на билетите за трката во 2023 година ја претставија и ажурираната конфигурација на патеката со која сакаат да се зголеми можноста за претекнување, а со тоа и повозбудливи викенди.
Во новата верзија, е одлучено да се избегнат четири свиоци, 16-ти, 17-ти, 18-ти и 19-ти. Наместо тоа, ќе се појави права линија од 15-от до поранешниот 20-ти свиок. Промоторите се надеваат дека тоа ќе го зголеми бројот на претекнувања, што отсекогаш било тешко на оваа градска патека.
Новата конфигурација допрва треба да добие хомологација на ФИА, но таквите прашања се однапред договорени, така што во овој случај зборуваме за формална процедура.
Значи, бројот на свиоци во 2023 година ќе се намали од 23 на 19, должината на патеката ќе се намали за 137 метри, а бројот на кругови ќе се зголеми од 61 на 63.
Симулираните најбрзи времиња во квалификациите се движат околу 1 минута и 27 секунди, т.е. околу осум секунди побрзо од најбрзиот круг на квалификациите во 2019 година, кога имавме сува патека, без дожд како тоа беше случај оваа година.
СИНГАПУР ДОБИВА ОСУМ СЕКУНДИ ПОБРЗА ПАТЕКА
10/19/2022 02:45:00 PM
0
Share to other apps