Најавуваниот дожд на патеката Марина Беј се појави на саботниот тренинг, што ја ограничи акцијата на возачите во последната сесија пред квалификациите.
Чарлс Леклер беше најбрзиот возач на интермедиа гумите на Пирели, следен од Макс Ферстапен, кој заостана половина секунда од времето на Моначанецот. Карлос Саинц Јр. беше трет, а Фернандо Алонсо четврти.
Во предвидениот термин за почеток на сесијата времето почна да се одбројува, но излезот од боксевите беше затворен поради безбедносни причини, па возачите не можеа да излезат на патеката.
По првите десет минути безбедносниот автомобил излезе да ја провери состојбата на патеката, но боксевите продолжија да бидат затворени поради количината на вода насобрана на асфалтот.
После тоа, беа развеани жолти знамиња во сите сектори, бидејќи маршалите почнаа да работат на отстранување на насобраната вода. Конечно, по 30 минути беше доволено возачите да излезат во акција на патеката.
Пјер Гасли беше првиот што излезе од својата гаража со сините гуми за дожд. Водата на патеката стануваше сè помала, состојбата се подобруваше, па десет минути подоцна Ферстапен беше првиот возач кој се реши за интермедиа гуми.
Патеката остана лизгава, дождот дополнително го исчисти асфалтот, но немаше инциденти. Латифи, Албон, Гасли и Расел завршија во безбедносните зони покрај патеката, Цунода удри во бариерите, но без последици по болидот на АлфаТаури.
На Мик Шумахер не му беше прицврстено задното десно тркало на боксот. Мик веднаш застана, беше вратен назад и се беше поправено, но стјуардите го забележаа инцидентот.
Квалификациите за Големата Награда на Сингапур на програмата се во 15:00 часот, а сите оние кои немаат можност да гледаат спортклуб, линк за пренос имате на нашиот блог.
ДОЖДОТ ПРИСТИГНА, ЛЕКЛЕР НАЈБРЗ НА МАРИНА БЕЈ
10/01/2022 01:23:00 PM
0
Share to other apps