Втората тренинг сесија во Остин траеше час и половина, и целосно беше посветена за тестирање на новите гуми на Пирели за 2023 година. За разлика од Јапонија, топлото време им овозможи на Италијанците непречено да собираат информации за работата на прототип гумите.
За време на овие тестови, возачите возеа со фиксна количина гориво фиксен број кругови со неозначени гуми C1 и C3. Тимовите не можеа да ги менуваат поставките на болидот помеѓу сериите на кругови, но добиваа телеметрија и можеа да споредуваат и анализираат.
Следната година температурата во термалните покривки на гумите е ограничена на 50 степени, па по напуштањето на боксот, возачите мораа активно да ги загреваат пневматиците за да ги доведат во оптимален работен режим.
Дополнително, новите 2023 гуми треба да ја намалат тенденцијата на болидите за подуправување, прототипите на новите предни гуми обезбедија подобар грип и многу од возачите рекоа дека болидите се постабилни.
Петте возачи кои им отстапија место на младите возачи на првата тренинг сесија, Леклер, Рикиардо, Ботас, Магнусен и Латифи, на почетокот од тренингот добија можност да работат со овогодинешните гуми за да ги најдат оптималните поставки на болидот.
Неколку тимови донесоа нови делови за да ја проценат ефективноста на решенијата наменети за следната сезона, особено што имаа можност да работат со гумите за 2023 година.
Ленс Строл ги пропушти првите дваесет минути, тимот требаше да ја промени конфигурацијата на неговиот Астон Мартин. Сесијата заврши со рекордно доцнење за Остин во 18:30 часот по локално време и заоѓањето на сонцето стана проблем, заслепувајќи ги возачите во некои свиоци.
Па така, повеќето од возачите едноставно ги пропуштија последните десет минути, не можеа да работат со поставките и обичните гуми, но ја завршија програмата на Пирели.
Поредокот на табелата се покажа како невообичаен, а Топ 3 пласман имаа возачите кои го пропуштија првиот тренинг и на почетокот од вториот можеа да работат според вообичаената тест програма и тековни пневматици.
Чарлс Леклер ја прескокна првата тренинг сесија, а неговиот Ф1-75 му беше доверен на тест-возачот Роберт Шварцман како дел од задолжителниот тест за млади возачи. Моначанецот беше првиот возач кој постави време во втората сесија, на користени црвени гуми.
Подоцна со помош на жолтите гуми го забележа најбрзото време, кое не можеше да биде победено од останатите возачи кои користеа прототип гуми. Најбрз на нив беше Карлос Саинц Јр., а најдобро време на Леклер беше 1:38.7. Тој комплетираше вкупно 37 кругови, додека Шпанецот, како и повеќето возачи, ги извозе само 26-те барани круга од страна на Пирели.
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР НАЈБРЗ НА ТЕСТ СЕСИЈАТА НА ПИРЕЛИ
10/22/2022 02:04:00 AM
0
Share to other apps