Најбрзото време на првиот тренинг за Големата Награда на Америка го забележа Карлос Саинц Јр., Макс Ферстапен беше втор, а Хамилтон беше трет. Најдобар од дебитантите беше Роберт Шварцман, кој го забележа 16-тото најбрзо време, со заостанување од две секунди зад лидерот на сесијата, кој го управуваше истиот болид, но возачите работеа според различни програми.
Првиот тренинг во Остин беше еден од "најмладите" во сезоната, бидејќи во пет од десетте тима главните возачи беа заменети со членови на нивните академии за надежни возачи. Четворица од нив дебитираа на официјална Ф1 сесија.
Роберт Шварцман привремено го замени Чарлс Леклер во Ферари, Тео Поуршер го презеде болидот на Валтери Ботас во Алфа Ромео, Логан Сарџент го замени Николас Латифи во Вилијамс, а Алекс Палу го замени Даниел Рикиардо во Мекларен. Само Антонио Џовинаци, кој седеше зад воланот на болидот на Кевин Магнусен во Хас Ф1, веќе се има натпреварувано во Формула 1.
Неколку тимови донесоа нови делови, но пред се тоа беа развојни елементи кои повеќе се фокусираа на следната сезона. Сесијата беше важна за сите, па веќе во петтата минута сите возачи заминаа на патеката. Многу болиди беа опремени со аеродинамички сензори.
Во осмата минута од сесијата беа развеани црвените знамиња, Антонио Џовинаци излета во шестиот свиок и заврши во заштитната бариера покрај патеката, од каде подолго време не можеше да се врати назад на патеката.
На крајот успеа да се отргне од бариерите и со оштетен болид се врати во својата гаража. Првичните проценки на тимот беа дека, народски кажано, ја прегреал ламелата, по што сесијата беше завршена за него.
Најверојатно тоа значи и крај за неговите надежи дека ќе го добие возачкото седиште на Мик Шумахер. Паузата беше кратка, по четири минути возачите продолжија со акција.
Состојбата на асфалтот се подобруваше секоја минута, а со тоа и постигнатите времиња. Возачите се пожалија на недостиг на грип, каде што е поставен новиот асфалт.
Нерамнините станаа значително помали од минатата година, но останаа неколку големи испакнатини, кои поради карактеристиките на тлото, не беше воможно целосно да се анулираат.
ФИА ја потврди замената на моторите и издувните системи на болидите на Серџо Перез и Џоу Гуанју. Двајцата возачи ќе добија петти мотори оваа сезона и, засега ќе загубат само по пет стартни места. Има гласини дека покрај Леклер, и Карлос Саинц Јр. ќе добие нови делови од Ферари ПЕ, па со тоа и казните за неделната трка не се конечни.
Според најновите гласини од падокот, Формула 1 и ФИА од следната сезона планираат да воведат уште една женска серија, која ќе стане трка за поддршка на Формула 1, надополнувајќи ги Формула 2 и Формула 3.
Новата серија нема да биде додаток или замена за Формула Ж, туку само ќе биде креирана според слични принципи и истите болиди, по што младите девојки ќе имаат можност да се борат подеднакво во Формула 3 и Формула 2, а доколку успеат да се пробијат и во Формула 1. Се шушка дека возраста на учесниците ќе биде ограничена на дваесет години, за да имаат доволно време за квалитетна понатамошна обука.
ФЕРАРИ НАЈБРЗ, ЏОВИНАЦИ ИЗГУБИ ОД ШУМИ ЈУНИОР
10/21/2022 10:54:00 PM
0
Share to other apps