Макс Ферстапен победи на трката за Големата Награда на Америка, забележувајќи ја неговата 33-та победа во кариерата и 13-та во 2022 сезоната.
Со тоа, Ред Бул, на три трки до крајот на тековниот шампионат и теоретски ја обезбедија шампионската титула кај конструкторите.
Следната недела шампионатот ќе продолжи со трката за Големата Награда на Мексико.
Макс Верстапен забележа епска победа на патеката на Америка, и покрај тоа што имаше ужасно бавен пит-стоп. Сепак, Холанѓанецот на побрзите жолти гуми, со импресивен кам-бек го победи Луис Хамилтон, кој беше на побавните бели гуми, со директен дуел на патеката, кој потсети на борбата од минатата сезона.
Шампионската Титула кај конструкторите, што тимот на Ред Бул ја потврди на ова трка е посветена на Дитрих Матешиц.
Трката беше хаотична. Пол-позицијата на Карлос Саинц Јр. беше бескорисна, бидејќи Џорџ Расел во првиот свиок удри во неговото Ферари, по што трката за Шпанецот беше завршена.
Макс Ферстапен имаше одличен старт, превземајќи го водството по првиот свиок, по што актуелниот шампион доминираше во трката, но се додека не влезе во игра деградацијата и стратегијата.
Луис Хамилтон изгледаше дека има ритам да се бори со Макс Ферстапен на половина од трката. Во тимот на Мерцедес АМГ играа на карта "undercut" која благодарение на бавниот пит-стоп на Ред Бул им создаде 11.1 секунди предност на Луис Хамилтон во однос на Холанѓанецот, кој пак се најде и зад Ферарито на Чарлс Леклер.
Британецот имаше чист патека пред него, но Ферстапен имаше подобро темпо на жолтите гуми и почна да ја намалува разликата. Потоа, со неверојатен инстинкт за тркање, не само што се израмни со Хамилтон, туку се нафрли врз него во 12 свиок и на крајот извојува уште една победа.
Одлична изведба на Макс, која му помогна на Ред Бул да ја обезбеди титулата и да му ја посвети на Матешиц. Хамилтон мораше да се задоволи со второто место, пред Леклер, Перез и Расел кој го забележа најбрзиот круг во последните моменти на трката за дополнителниот еден поен.
Ландо Норис беше шести по претекнувањето на Фернандо Алонсо во претпоследниот круг, но мора да се издвојат перформансите на Шпанецот и посебно Себастијан Ветел кој беше осми.
Алонсо имаше тежок инцидент со Ленс Строл и во реприза на Баку 2018 година, несфатливо се врати на седмото место. Германецот, во меѓувреме, дојде во ситуација да ја води трката, но последниот пит-стоп од 16.8 секунди го чинеше многу поени.
Стартот на Макс Ферстапен беше многу добар и во првите метри веќе беше прв. Најлошото дојде за Карлос Саинц Јр. во првиот свиок, бидејќи Џорџ Расел силно удри во неговиот болид, инцидент за кој што беше казнет со пет секунди, предизвикувајќи извртување и крај на трката за Шпанецот од Ферари.
Луис Хамилтон го искористи тоа за да се најде на второто место, а Ленс Строл на третото, пред Расел и Ветел. Понатаму, Ландо Норис, исто така, ја искористи оваа ситуација и се искачи на петтото место, иако Серџо Перез беше во потера и брзо го престигна Мекларенот.
Пјер Гасли беше осми, со Алекс Албон на деветтото и Чарлс Леклер на десеттото, но набрзо го престигна Тајланѓанецот.
За само неколку круга, Макс Ферстапен успеа да создаде разлика од повеќе од две секунди пред Луис Хамилтон, така што Британецот не можеше да ја користи помошта на ДРС-системот, кога тој беше овозможен.
Во меѓувреме, Ленс Строл се држеше на третото место, а Себастијан Ветел на петтото, се додека Џорџ Расел не го претекна Канаѓанецот во петтиот круг, а Серџо Перез го стори истото со Германецот во четвртиот круг. Во шестиот круг Чеко го престигна и Ленс Строл.
Со речиси "стабилизирани" позиции, во отсуство на Чарлс Леклер кој ги претекна двата болиди на Астон Мартин, Макс Ферстапен продолжи со својата доминација и Луис Хамилтон беше веќе на повеќе од три секунди, додека Џорџ Расел заостана девет секунди и беше поблиску до Серџо Перез.
Понатаму убава битка имаа Пјер Гасли, Ландо Норис и Валтери Ботас, а Фернандо Алонсо се приближуваше до единаесеттото место.
Веќе во десеттиот круг, Алекс Албон го започна влегувањето во боксевите за замена на гуми, што беше проследено од Валтери Ботас, Јуки Цунода и Даниел Рикиардо во следниот круг.
Во Мерцедес АМГ видоа дека тешко ќе го победат Ред Бул на патеката, па Луис Хамилтон беше повкан во бокс, како би се обиделе да ги добијат стратегиски со помош на "undercut". Но, и од тимот на Ред Бул одговорија со повикување на Макс Ферстапен во следниот круг.
Откако беа направени пит-стоповите на водечките тимови, со исклучок на Чарлс Леклер и Себастијан Ветел, Макс Ферстапен продолжи да ја води трката, а останатите веќе беа на значително растојание од него.
Луис Хамилтон беше практично втор, со Серџо Перез на третото место, пред Себастијан Ветел, Џорџ Расел и Фернандо Алонсо зад нив.
Потоа на сцена влегува во игра безбедносниот автомобил. Валтери Ботас излета од патеката во 18-от круг, што предизвика излегување на безбедносниот автомобил, што Леклер, Ветел и возачите на Алпин го искористија за да направат пит-стоп.
Поредокот беше збиен со Ферстапен во водство, пред Хамилтон, Перез, Леклер, Расел, Ветел, Строл, Гасли, Алонсо и Норис.
Трката беше рестартирана во 22-от круг. Ферстапен го задржа водството, а акцијата се одвиваше подолу во поредокот. Фернандо Алонсо, со подобри пневматици од Пјер Гасли, го престигна Французинот на излезот од првиот свиокот и тргна по Ленс Строл во вториот сектор. Се залепи зад болидот на Астон Мартин, но Канаѓанецот направи малку задоцнет одбрамбен потег кога Шпанецот веќе тргна да го претекнува и следуваше тежок инцидент.
Болидот на Строл остана на патеката, додека Фернандо Алонсо успеа да се довезе до бокс, по што на патеката се врати на шеснаесеттото место. Следуваше нов период на безбедносниот автомобил.
Во оваа прилика, трката беше рестартирана во 26-от круг. Макс Ферстапен го одбрани водството, а позициите во предниот дел од поредокот останаа непроменети, иако Себастијан Ветел го притисна Џорџ Расел со тоа што имаше помеки гуми.
Ферстапен брзо го наметна своето темпо. По само неколку круга, тој веќе имаше речиси секунда и пол предност пред Хамилтон. Перез беше трет, со Леклер зад себе и Расел на петтото место.
Фернандо Алонсо успеа да ги претекне возачите на Вилијамс, Николас Латифи, а потоа и Алекс Албон. Во 29-от круг, Чарлс Леклер реши да тргне во напад и се обиде да го претекне Серџо Перез во 12-от свиок, но тој излета надвор од патеката и не успеа.
Сепак, во следниот круг повторно се обиде и со прекрасно доцно сопирање во внатрешноста на истиот свиок, го престигна Мексиканецот. Чарлс изби на трето место и го имаше Хамилтон на помалку од четири секунди пред себе, Ферстапен нешто повеќе од шест секунди.
Раната доминација на Макс Ферстапен беше компромитирана како што одминуваа круговите. Луис Хамилтон почна да го покажува своето добро менаџирање со гумите и почна да вози побрзо од холанѓанецот.
Во меѓувреме, одредени возачи од средната на поредокот се упатија кон боксевите за нова промена на гуми. Фернандо Алонсо се ослободи од Даниел Рикиардо и се најде зад тимскиот колега, Естебан Окон.
Од Мерцедес АМГ доброто темпо на белите гуми се решија да го искористат со нов обид за "undercut" веќe во 35-от круг, добивајќи нов сет на бели гуми.
Како и претходно, веднаш беше повикан и Ферстапен, а за влегување за замена на гуми се решија и во тимот на Ферари. Следуваше многу лош пит-топ на најдобрите механичари на гридот, па Макс Ферстапен не само што ја изгуби водечката позиција од Хамилтон, туку беше претекнат и од Чарлс Леклер.
Изненадувачки, Себастијан Ветел продолжи да ја води трката, иако допрва требаше да влезе во бокс. Луис Хамилтон не чекаше долго да дојде на првото место, а болидот на Астон Мартин беше лесна мета.
Со тоа, Британецот имаше чиста патека пред себе, но трката влезе во нова фаза кога Макс Ферстапен го активираше својот "агресивeн режим" што веќе во 39-от круг, резултираше со претекнување на Ферарито на Чарлс Леклер во 12-от свиок. Речиси во исто време, Перез го претекна Расел, а Алонсо се ослободи од Окон.
Иако Себастијан Ветел имаше одлична трка, во 42-от круг се беше уништено. Германецот се упати во бокс за промена на гумите, но пит-стопот траеше рекордни 16.8 секунди, па падна на тринаесеттото место.
Ова му даде крилја на Фернандо Алонсо кој веќе беше седми и го имаше Кевин Магнусен на три секунди пред себе. Во меѓувреме, предноста на Хамилтон се намалуваше во однос на Ферстапен и Леклер. Моначанецот успеваше да држи темпо со возачот на Ред Бул, но деградацијата го направи своето и по 10 круга започна да заостанува.
Со десет круга до крајот, Луис Хамилтон го имаше првото место, но Макс Ферстапен се приближи на само две секунди. Кевин Магнусен беше шести, иако Фернандо Алонсо доаѓаше многу брзо, а исто така и Ландо Норис кој со подобри гуми не губеше време да се ослободи од Естебан Окон.
Многу потенцијални ситуации за претекнување низ поредокот. Прво, во 49-от круг, Фернандо Алонсо брзо го претекна Кевин Магнусен, а потоа тоа го направи и Ландо Норис.
Понапред, Макс Ферстапен се смести во ДРС зоната на Луис Хамилтон и не требаше долго за да започне испитувањето на силите. Всушност, му требаше само еден круг за да го престигне седумкратниот шампион со импресивно сопирање во внатрешноста на 12-от свиок.
Макс на шест круга до крајот повторно се најде на првото место, а Хамилтон наместо на напад за претекнување се фокусираше на работата како стјуарди и внимаваше на почитување на границите на патеката од страна на Холанѓанецот.
Следуваше негова грешка во 53-от круг што значеше дека тој веќе заостана повеќе од една секунда зад Макс, па не можеше да го отвори ДРС-системот. Во исто време, Фернандо Алонсо се бранеше од нападите на Ландо Норис, но разликата во гумите беше очигледна.
На крајот, Макс Ферстапен ја мина целната линија на првото место, забележувајќи ка неговата 33-та победа во Формула 1, посветувајќи ја на Дитрих Матешиц. Луис Хамилтон мораше да се задоволи со второто место, пред Леклер, Перез и Расел кој го извозе најбрзиот круг со нов сет на црвени гуми.
Ландо Норис успеа да го престигне Фернандо Алонсо во претпоследниот круг и го освои шестото место, седмото му припадна на Шпанецот. Себастијан Ветел направи прекрасен маневар за претекнување на Кевин Магнусен во последниот круг за осмото место. Последниот поен на денешната трка му припаднa на Јуки Цунода со АлфаТаури.