Порше беше решен да влезе во Формула 1, а како резултат на тоа беа донесени нови правила кои ќе важат од 2026 сезоната. Кога сите очекуваа сигурен договор со тимот на Ред Бул, работата се изјалови. Сега веќе шампионскиот тим за оваа сезона, не сакаше Порше да биде нивни партнер со иста моќ на одлучување.
Порше по добиеното "НЕ", изјави дека нема да ја променат својата цел поради таа причина.
По пропаѓањето на разговорите со Ред Бул , речиси сите го отпишаа шансите за нивно појавување во врвниот мотоспорт.
Сепак, според најновите гласини изнесени од холандскиот Зиго Спорт, се чини дека Порше му пристапил на тимот на Вилијамс за да можат да го направат тој чекор што толку го посакуваат.
Треба да се запомни дека, не многу одамна, Ауди му пристапи на Вилијамс, но не беше постигнат договор затоа што тие сакаа да го купат тимот, да имаат апсолутно мнозинство и моќ на одлучување.
Порше има поинаква визија за Формула 1 од Ауди. Сакаат да бидат партнери , партнери под еднакви услови и да имаат право на глас во донесување на одлуките. Со сегашните сопственици на Вилијамс, приватен инвестициски фонд, работите можат да бидат многу поедноставни.
Тоа е прашање на бизнис. Фондот купува и продава според своите интереси на пазарот. Тимот на Ред Бул требаше да се откаже од суверенитетот на својата најголема маркетинг алатка и тие не беа подготвени да го сторат тоа.
Во случајот на Вилијамс, договорот е пореален, бидејќи за да ги исполни амбициите, Порше, ќе мора да вложи големи инвестиции и да го засили тимот, како во персонал, така и во материјални средства.
Но, има и еден аспект за кој на Порше не му оди во прилог. Вилијамс нема капацитет да развие мотор како што имаше Ред Бул. Идејата беше да се развие мотор во базата на Ред Бул и да се направи електричниот дел во Германија, така што во случајот со Вилијамс ќе мора да ја дизајнира и изгради целосната погонска единица.
ПОРШЕ ФЛЕРТУВА СО ВИЛИЈАМС, РЕАКЦИИТЕ СЕ ПОЗИТИВНИ
10/25/2022 11:37:00 AM
0
Share to other apps