Ферари вообичено е брз на тренинг сесиите, па така Карлос Саинц Јр. го забележа најбрзото време на првиот тренинг за Големата Награда на Мексико Сити, додека Чарлс Леклер заостана само 46 илјадитинки, за 1-2 пласман.
Следуваа возачите на Ред Бул, Серџо Перез и Макс Верстапен со забележано идентично време. Разликите беа минимални, па така помеѓу Саинц Јр. и Алонсо, кој беше шести, имавме само две десетинки.
Првата тренинг сесија во Мексико Сити беше од особена важност, бидејќи втората, повторно, ќе му припадне на Пирели за тестирање на 2023 пневматиците.
Прописите ги обврзуваат Ф1 тимовите барем на две тренинг сесии да им дадат шанси на своите млади возачи во текот на сезоната, а кога веќе се е решено гледаме многу замени на први возачи.
Денес на патеката браќата Родригез во Мексико Сити ги гледавме: Лиам Лосон во тимот на АлфаТаури седна во болидот на Јуки Цунода, во Мерцедес АМГ, Ник де Врис, привремено го замени Џорџ Расел, во Хас Ф1 Енцо Фитипалди го замени Кевин Магнусен, во Вилијамс Логан Сарџент го замени Алекс Албон, а во Алпин Џек Дуан го имаше своето деби во болидот на Естебан Окон.
Во првите минути Лосон имаше проблеми со болидот. "Воопшто нема сопирачки", му рече тој на инженерот и се врати во боксот. Сарџент излета од патеката неколку пати, исто како и Алонсо. Воздухот во Мексико е редок, болидите ја немаат потребната потисна сила, иако се користат задни крила како во Монте Карло.
Даниел Рикиардо повторно имаше проблеми со сопирачките и беше повикан да се врати во својата гаража за проверка. Во 31-та минута, Ферстапен се изврте во 10-от свиокот без последици по болидот.
Сесијата беше прекината во 38-та минута, Ферари ПЕ во болидот на Пјетро Фитипалди испушти облак чад, инженерот му нареди на возачот веднаш да застане на патеката. Болидот мораше да биде отстранет.
Сите се вратија во своите гаражи и по само неколку минути црвените знамиња беа укинати, но денот за Бразилецот во Хас беше завршен, како и за Џек Дуан, исто така поради проблеми со централата.
По втор пат црвени знамиња се појавија во последните минути од сесијата поради проблеми со Хонда ПЕ во болдиот на Лиам Лосон. Тој мораше да го паркира болидот на АлфаТаури покрај патеката, при што се запалија предните сопирачки, па мораше да реагираат маршалите со противпожарни апарати.
Со тоа, првиот тренингот беше прекинат на три минути пред истек на сесијата. Акцијата продолжува во вториот тренинг од 90 минути, кој е закажан за 23 часот по македонско време. Возачите кои ги позајмија своите болиди ќе може да работат 45 минути на тековните гуми, додека сите останати ќе работат по стриктна програма на Пирели.
На 26 Октомври 2022 година се склучени договори помеѓу Администрацијата за ограничување на трошоците и тимовите на Ред Бул и Астон Мартин во согласност со член 6.28 од Финансиските регулативи на Формула 1.
Администрацијата за ограничување на трошоците иззјавува дека Ред Бул и Астон Мартин делувале кооперативно во текот на процесот на ревизија и обезбедиле дополнителни информации и докази, во првата година од целосната примена на Финансиските регулативи кои се многу сложен сет на правила.
Утвдрено е дека нема обвинение или доказ дека Ред Бул или Астон Мартин во кое било време се обиделе да дејствуваат со лоша намера, нечесно или на измамнички начин, ниту пак намерно сокривале какви било информации од Администрацијата за ограничување на трошоците.
Администрацијата за ограничување на трошоците сметаше дека е соодветно, во овие околности, да им понуди на Ред Бул и Астон Мартин договор за вонсудско решавање на ова прашање според условите наведени подолу.
РЕД БУЛ. Со оглед на ограничената природа на предметното прекршување на процедурата и фактот дека прекршувањето спаѓа во помало прекумерно трошење не поголемо од 5%., Ред Бул реши да ја прифати понудата за вонсудски договор.
Договорот се однесува на:
• Ред Бул поднесе документација во која се пријавени трошоци од 114.293.000 фунти за цела 2021 година;
• Администрацијата за ограничување на трошоците утврди процедурално прекршување направено од страна на Ред Бул во согласност со член 8.2(д) од Финансиските регулативи поради доставување на неточна документација, бидејќи неточно ги исклучи и/или ги приспособи трошоците во износ од вкупно 5.607.000 фунти во нејзината документација за 2021 година;
• Последователно, утврдено е помало финансиско пречекорување на ограничениот буџет според член 8.10(б) од Финансиските регулативи. Дозволениот буџет за 2021 година од 118.036.000 фунти е надминат за 1.864.000 фунти, што е помалку од 5%, т.е. 1,6%.
Во согласност со наодите на Администрацијата за ограничување на трошоците, Ред Бул призна дека поднесената документација ги вклучува следните погрешно исклучени и/или приспособени трошоци:
1. Исклучени трошоци во спротивност со член 3.1(а) од Финансиските регулативи (во врска со угостителските услуги);
2. Трошоци во согласност со член 3.1(w) од Финансиските регулативи (во врска со надоместокот и поврзаните придонеси за социјално осигурување на работодавачот);
3. Трошоци во согласност со член 3.1(h)(i) од Финансиските регулативи (во однос на активностите што не се поврзани со Ф1), бидејќи тие трошоци веќе биле компензирани во рамките на Вкупните трошоци на групата за известување;
4. Трошоци согласно член 3.1(к) од Финансиските регулативи (во однос на бонусот и придружните придонеси за социјално осигурување на работодавачот);
5. Неподнесување на релевантни трошоци во однос на отпишување на амортизирани основни средства за работа;
6. Трошоци во согласност со член 3.1(q) од Финансиските регулативи (во врска со давачките за стажирање);
7. Трошоци согласно член 3.1(h)(ii)(i) од Финансиските регулативи (во однос на надоместокот и поврзаните придонеси за социјално осигурување на работодавачот);
8. Отпишување на релевантни трошоци во однос на одредбите наведени во член 4.1(а)(i) од Финансиските регулативи (во однос на трошоците за користење на погонските единици);
9. Трошоци во согласност со член 3.1(h) (i) од Финансиските регулативи (во врска со надоместокот и поврзаните придонеси за социјално осигурување на работодавачот);
10. Отпишување на релевантните трошоци во однос на одредбите наведени во член 4.1(ѓ)(i)(Б) од Финансиските регулативи (во врска со употребата на залихите);
11. Административна грешка во однос на пресметката на Ред Бул за одредени трошоци што се двојно наплатени од страна на Red Bull Power Trains Limited;
12. Одредени патни трошоци согласно член 3.1(r) од Финансиските регулативи;
13. Трошоци за одржување во согласност со член 3.1(i) од Финансиските регулативи.
и, следствено на утврденото, релевантните трошоци на Ред Бул за фискалната 2021 година го надминаа ограничувањето на трошоците за 2021 година за 1.864.000 фунти (1.6%).
Оттука, Ред Бул прифати дека ги прекршиле: (I) член 8.2(е) од Финансиските регулативи, што се однесува на поднесување на некомплетна документација за нивните трошоци за 2021 година, и (II) член 8.10(b) од Финансиските регулативи, што се однесува на прекумерно трошење над износот на ограничените трошоци за 2021 година.
ФИА признава дека доколку во тимот на Ред Бул би се применувале правилните сметководствените процедури во рамките на поднесената целогодишна даночна документација во вредност од 1.431.348 фунти, Администрацијата за ограничување на трошоците би сметала дека е во согласност со член 4.1 (b) од регулативите, а со тоа и релевантните трошоци на Ред Бул за периодот од 2021 година, всушност, би ја надминале границата на трошоците за 2021 година за 432.652 фунти (0,37%).
Врз основа на тоа, Ред Бул го прифати наметнувањето на следните санкции:
а) Ред Бул мора да плати финансиска казна од 7.000.000 долари на ФИА во рок од 30 дена од датумот кога договорот станува извршен;
б) Ред Бул добива Мала спортска казна во форма на ограничување на тимот да спроведува аеро тестови во период од 12 месеци од датумот кога договорот станува извршен, со 10% намалување од коефициентот C што се користи за пресметување на поединечните ограничувања за тестирање во воздушен тунел и CFD софтверски пресметки што се применуваат за секој тим како што е наведено во член 6 од Додаток 7 на спортските регулативи на Формула 1.
На пример, ако коефициентот C, врз основа на шампионската позиција на Ред Бул е 70%, ефективната нова вредност на C ќе биде: CNEW=70% x (1-0,10) = 63,0%; и
в) Ред Бул ги сноси трошоците направени од Администрацијата за ограничување на трошоците во врска со подготовката на овој договор.
АСТОН МАРТИН. Договор со ФИА постигна и тимот на Астон Мартин, кој прифати дека го прекршиле членот 8.2(e) од Финансиските регулативи поради тоа што не поднеле точна сметководствена документација за 2021 година, во која биле неправилно исклучени и/или приспособени трошоци.
Врз основа на тоа, Астон Мартин го прифати наметнувањето на следните санкции за целосно и конечно решавање на Процедуралното прекршување:
а) Астон Мартин мора да плати финансиска казна од 450.000 долари на ФИА во рок од 30 дена од датумот кога договорот станува извршен;
б) Астон Мартин ги сноси трошоците направени од Администрацијата за ограничување на трошоците во врска со подготовката на овој договор.
Одлуката на Администрацијата за ограничување на трошоците да склучи договор за вонсудско решавање на проблемите со Ред Бул и Астон Мартин претставува нејзина конечна одлука со која се решава ова прашање и не е можно да се поднесуваат жалби.
Непочитување на овој договор, од страна на Ред Бул или Астон Мартин ќе резултира со натамошно прекршување на постапката според членовите 6.30 и 8.2(f) од Финансиските регулативи и автоматско упатување до Панелот за одлучување за ограничување на трошоците.
ФЕРАРИ ВООБИЧАЕНО НАЈБРЗ, СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА КАЗНИТЕ НА РЕД БУЛ И АСТОН МАРТИН
10/28/2022 09:45:00 PM
0
Share to other apps