Големата Награда на Мексико Сити е дваесетти тркачки викенд од 2022 сезоната, завршувајќи ја последователната серија од две северноамерикански трки по ред.
Познати се шампионите во конкуренција на возачи и конструктори. Годинава Ред Бул не им даде шанса на своите ривали.
За жал, Ферари имаа сила само за почетокот на сезоната, и наместо да го развиваат болидот, тие назадуваа, па така не лишија од драматичноста во борбата за шампионските титули, каква што видовме во 2021 година.
Патеката Браќа Родригез, со должина од 4.304 км. е втората најкратка во Ф1 календарот по Монте Карло. Големата Награда на Мексико Сити е една од трите трки во сезоната која има 71 круга, заедно со Бразил и Австрија.
Растојанието од 811 метри од Пол позицијата до првиот свиок е најдолг во Ф1 календарот и 9.6 секунди од него се поминуваат со полн гас.
Патеката се наоѓа на голема надморска височина, 2.285 метри. Пред враќањето на ГН на Мексико, патека со најголема надморска височина беше Интерлагос во Бразил, со 800 метри надморска височина.
И покрај големата надморска височина, патеката Браќа Родригез е една од најрамните патеки, со промена на елевацијата од само 2.8 метри во текот на целата нејзина должина. Само Мелбурн и Сочи имаат помала промена во елевацијата.
Реткиот воздух исто така значи дека ладењето на болидот е помалку ефикасно, така што ПЕ и сопирачките работат на поголеми температури. Последиците се помала потисна сила и помал отпор на воздухот.
Болидите користат задни крила подесени еквивалентно на Монако, но и покрај тоа, вистинската потисна сила на болидите е поблизу до нивоата што се забележуваат во Монца. Поради овие фактори, во Мексико се бележат едни од најголемите брзини на Ф1 болидите, кои достигнуваат над 350 км/ч.
Најбрзата стратегија со која може да се пријде на Големата Награда на Мексико Сити, која се состои од 71 круг, не е стриктно дефинирана, може како добитна да биде таа со едно застанување за промена на гумите, или ако деградацијата е поголема, во игра влегува таа со два пит-стопа.
На хартија оваа втората е побрза и тоа почетен стинт на црвените гуми, проследен со два стинта на жолтите гуми. Оваа стратегија е возможна за 10 возачи кои имаат на располагање по два сета на медиум пневматиците. Алтернатива на оваа стратегија е почетен стинт на срвени гуми, проследен со стинт на жолтите и финиш на трката повторно на црвените гуми.
Тука некаде по брзина е и стратегијата со едно застанување во бокс и тоа почетен стинт на жолтите и финиш на белите гуми. Алтернативно возачите подолу во поредокот може да се решат за спротивниот редослед и излегување на безбедносниот автомобил во вистинскиот момент.
Според временската прогноза, воздухот до почетокот на трката ќе се загрее до 24 степени, ќе имаме променливо облачно небо и умерен ветер од североисточен правец. Можноста за врнежи за време на часовите на трката сега се проценува на 25% (вчера беше 40%, но не поминаа нити едно облаче).
Кога сме кај стартниот редослед за денешната трка да напоменеме дека Ленс Строл има казна на 3 позиции за предизвикување судир (инцидент Алонсо/Строл) на минатата трка во Остин. Кевин Магнусен има казна од 5 стартни позиции, бидејќи беше променет моторот во погонската единица во неговиот Хас.
Во Остин, Макс Ферстапен победи на својата 13-та трка во сезоната. Пред оваа година тоа се има случено само два пати, во 2004 година Михаел Шумахер имаше 13 победи на 18 трки, во 2013 година Себастијан Ветел имаше 13 победи на 19. Холанѓанецот пред крајот на сезоната има уште три шанси да постави нов рекорд, што има голема веројатност да се случи.
Многумина очекуваа дека во 2022 година ќе имаме поголема блискост во борбата за титулите, за што беа направени нови прописи. Но, ако во првите трки распоредот на силите се менуваше, давајќи одреден адреналин на трките, како одминуваше сезоната со развојот на болидите и повторно воведување на технички директиви среде сезона, Макс Ферстапен и Ред Бул се издвоија како неприкосновени фаворити.
Во средината на поредокот распоредот на силите повеќе зависеше не од донесените новитети, туку од тоа колку карактеристиките и условите на патеката одговараат на одреден болид.
Трката во Мексико од минатата сезона се одржува со финансиска поддршка на градските власти и затоа го носи името на главниот град на Мексико. За Мексиканците, овие зборови звучат исто, но кај нас имаме различни правописи на името на земјата и градот.
Во Остин, Серџо Перез не се пласира на подиумот, но публиката го скандираше неговото име. Во Мексико Сити поддршката е поимпресивна. Тоа е патека на еден возач како Зандворт или Силверстоун, особено кога тој возач го вози најдобриот болид во сезоната.
Многу е тешко да се настапи под таков притисок, но најголемиот успех во спортот го постигнува оној кого притисокот го инспирира и го прави посилен. Минатата година Перез се искачи на подиумот за прв пат по шест години на патеката браќа Родригез.
Пред почетокот на викендот, сите го сметаат Ред Бул за јасен фаворит за претстојната трка, што не е чудно, бидејќи имаат осум последователни победи, но, Мерцедес АМГ откри дека ова е нивната најголема шанса за Победа оваа сезона, па нема да се предадат без борба.
Кога веќе Титулите се решени да уживаме во неизвесна борба за поедаите на преостанатите три трки до крајот на шампионатот. Стартот на Големата Награда на Мексико Сити е закажана за 21:00 часот по македонско време.