Макс Ферстапен е Победник на Големата Награда на Мексико Сити, при што собори уште еден рекорд во Формула 1. Холанѓанецот е возачот кој победил најмногу пати во истата сезона, 14. Ова е 34-та победа на двократниот шампион, иако овојпат Ред Бул можеше да биде победен, но стратегиски одиграа на високот ниво.
Само двајца возачи имаа 13 победи во истата сезона до оваа година, а тоа беа Михаел Шумахер во 2004, и Себастијан Ветел во 2013. Макс Ферстапен ја израмни таа бројка минатата недела во САД, но денеска ја надмина со настап без грешки.
Тоа беше трка со различни стратегии, но Ред Бул е исто така силен и на тоа поле. Актуелниот шампион имаше добар старт со црвените гуми и мирно поведе по првиот свиок, оставајќи ги зад себе возачите на Мерцедес АМГ кои беа на жолтите гуми.
Битката се чинеше многу блиска, но деградацијата на патеката браќа Родригез беше многу ниска, а вториот стинт на бели гуми се покажа како многу лоша опција за Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
На крајот, Макс Ферстапен оствари нова победа со повеќе од 15 секунди предност од Луис Хамилтон кој не можеше да се избори против стратегијата на Ред Бул. Серџо Перез се врати на подиумот на домашната патека, а Џорџ Расел мораше да се задоволи со четвртото место и најбрзото време во последниот круг со црвените гуми.
Што се однесува до Ферари, катастрофална трка. Карлос Саинц Јр. беше петти, речиси една минута зад водечкиот, а Чарлс Леклер заврши десет секунди зад својот тимски колега.
Викенд за заборав за нив, но и за Фернандо Алонсо кој имаше беспрекорна трка додека не доживеа нов механички дефект и мораше да се повлече во последните кругови. Даниел Рикиардо, и покрај казната од 10 секунди за судирот со Јуки Цунода, успае да заврши на седмото место, пред Естебан Окон, Ландо Норис и Валтери Ботас.
Следевме една од подосадните трки во сезоната, цело време очекувавме нешто да се случи, најверојатно и Мерцедес АМГ, но Ред Бул не дозволи неуспех на домашниот терен на Серџо Перез. За две недели борбата ќе продолжи во Бразил.
МАКС ПИШУВА ИСТОРИЈА, ПОБЕДНИК ВО МЕКСИКО СИТИ
10/31/2022 10:26:00 AM
0
Share to other apps