По прв пат на патеката на Америка, Ферари ќе ја започне Големата Награда на САД од Пол позицијата. Тоа се должи на ефективноста на Карлос Саинц Јр., кој го имаше најбрзиот круг во многу блиската пресметка кај "ОК коралот". Тоа беше негова трета Пол позиција и 242-та на Ферари.
Добар беше и Чарлс Леклер, поставувајќи го второто најбрзо време, но ќе стартува од дванаесеттата позиција, поради казната од 10 места, за користење нов мотор и турбо компресор.
Но, според прогнозите на Италијанците, денешната трка ќе биде комплицирана и прилично тешка за нив, бидејќи деградацијата на гумите ќе игра клучна улога. Болната точка на тимот.
Карлос Саинц Јр. посакува "чиста" трка, додека онаа со многу акција може подобро да му одговара на Чарлс Леклер, можеби со неколку излегувања на безбедносниот автомобил.
Трката се состои од 56 круга, започнува на 14:00 по локално време, т.е. 21:00 часот по македонско време.
Карлос Саинц Јр.: "Квалификациите уште од Q1 сесијата се одвиваа многу добро. Се чувствував удобно со болидот и додавав брзина круг по круг, се до последниот обид во Q3."
"Ветерот беше незгоден, така што секој круг беше малку поинаков, но тоа ги направи квалификациите возбудливи, како што е секогаш овде во Остин."
"На трката ќе го дадеме нашиот апсолутен максимум за да ја претвориме оваа пол позиција во победа, иако можеме да очекуваме добра битка со нашите ривали."
"И покрај тоа што ja освоив Пол позицијата, природно се чувствувам тажен откако дознав за смртта на Дитрих Матешиц. Тој беше исклучителен човек кому светот на спортот му должи многу и многу ќе му недостига. Моето најдлабоко сочувство до неговото семејство и пријателите и до целото семејство на Ред Бул."
Чарлс Леклер: "Тешки квалификации со доста ветер. Нема да ја започнам трката од П2 поради казната што ја добивме, така што мојата цел е да надополнам што е можно повеќе позиции на стартот и да ја искористам секоја можност да се борам за подиумот."
"Би сакал да изразам најискрено сочувство до семејството и пријателите на Дитрих Матешиц. Тој ќе недостасува како личност и секогаш ќе се памети по неговите неверојатни достигнувања."
ДЕБИТАНТСКИ ПОЛ ЗА ФЕРАРИ НА ПАТЕКАТА НА АМЕРИКА
10/23/2022 11:24:00 AM
0
Share to other apps