Макс Ферстапен го забележа најбрзото време на саботната тренинг сесија пред почетокот на квалификациите. Холанѓанецот го запре часовникот на 1:35.825, Чарлс Леклер заостана три десетинки, додека Карлос Саинц Јр. беше четири десетинки побавен за третото место на табелата.
Вториот петочен тренинг беше посветен на тестирање на гумите за 2023 година, па на овој тренинг тимовите се фокусираа на подготовките за квалификациите и трката.
Состојбата на патеката се подобри, на асфалтот се појави слој од искористена гума што ја намали разликата во степенот на прилепување на делниците со стар и нов асфалт, на што многумина се пожалија претходниот ден.
Имавме топло време, но ветровито. Налетите на ветер го менуваа својот правец, а со тоа и балансот на болидите, така што возачите требаше да го земат во предвид и тоа кога ги бараа вистинските поставки на своите болиди.
На почетокот на сесијата, Мик Шумахер имаше проблеми со менувањето брзини поради истекување на хидрауликата, полека стигна до својата гаража и неговиот болид долго време беше во рацете на механичарите.
Рикиардо се пожали на работата на педалата за сопирачките и исто така се врати во својата гаража, но набрзо повторно излезе на патеката. Џоу Гуанју извозе само три круга поради проблеми со неговиот болид.
Засега, официјално, за Пол позицијата не може да се борат:
- Чарлс Леклер +10 позиции (промена на мотор и турбо полнач),
- Алонсо, Перез, Гуанју +5 позиции (промена на мотор)
ФЕРСТАПЕН БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА НА САБОТНИОТ ТРЕНИНГ
10/22/2022 10:26:00 PM
0
Share to other apps