Макс Ферстапен го забележа најбрзото време на квалификациите во Сузука, забележувајќи ја неговата петта Пол позиција во сезоната и 18-та во кариерата.
Холанѓанецот го победи Чарлс Леклер за една десетинка, кој ќе стартува со него од првиот ред, додека од вториот ред трката ќе ја започнат Карлос Саинц Јр. и Серџо Перез, од третиот Окон и Хамилтон.
Формула 1 се врати во Јапонија по три години поради светската пандемија, која речиси сите многу брзо ја заборавија.
Поради временските услови, остана само еден час на саботниот тренинг за пронаоѓање на поставките и работа со гумите на Пирели, во која тимовите се трудеа да дадат се од себе. Најбрзиот круг му припадна на Макс Ферстапен, кој беше пред возачите на Ферари.
Квалификациите во Сузука се секогаш интересни, но Пол позицијата не е од фундаментално значење, во текот на изминатите десет години, победник на трката само во пет случаи бил возачот кој стартуваше од првата позиција.
Од актуелните возачи, само Ветел и Хамилтон имаа забележано Пол позиција на оваа јапонска патека, но овојпат не учествуваа во борбата за неа.
Од Пирели ги донесоа најтврдите смеши, C1, C2 и C3 кои се користат како бели, жолти и црвени гуми.
Во Q1 сесијата возачите на Мерцедес АМГ ги избраа жолтите гуми за првиот обид, а сите останати возачи на патеката излегоа на црвените. Разликата во брзина се покажа значителна, па и тимот на Мерцедес АМГ мораше да премине на најмеката смеша за вториот обид.
Ландо Норис излета од патеката без последици по болидот. Пјер Гасли се пожали на проблеми со сопирачките, како и неговиот тимски колега Цунода, кој силно ги блокираше тркалата пред вле во шиканата, со што го уништи комплетот. Времето на Алекс Албон беше отстрането поради излегување надвор од границите на патеката.
Откако извозе круг со најбрзо време во првиот обид, Ферстапен не излезе на патеката за втор обид, но неговото време никој не успеа да го подобри. Од понатамошната борба отпаднаа Алекс Албон, Пјер Гасли, Кевин Магнусен, Ленс Строл и Николас Латифи.
Во Q2 сесијата борбата се одвиваше на црвените гуми. По првите брзи круга, повторно, Ферстапен беше возачот кој беше на врвот на табелата, но со нешто полош резултат од првата сесија.
Првите тројца Ферстапен, Саинц Јр. и Леклерк останаа во своите гаражи, останатите продолжија да се борат. Серџо Перез го забележа најбрзото време, Фернандо Алонсо беше втор. Во финалниот сегмент од квалификациите не се пласираа Даниел Рикиардо, Валтери Ботас, Јуки Цунода, Џоу Гуанју и Мик Шумахер.
Q3 сесијата Естебан Окон, Луис Хамилтон и Џорџ Расел ја започнаа на стари сетови од црквените гуми, а останатите излегоа на нови.
Додека ги загреваше гумите, Макс неочекувано скршна точно пред болидот на Норис, па Ландо мораше да помине низ тревата за да избегне судир. Стјуардите го разгледаа инцидентот по сесијата и се решија да го опоменат Холанѓанецот.
Во првиот обид Ферстапен го забележа најбрзото време, по вторите брзи круга Леклер ја намали разликата на минимум, губејќи една стотинка, но остана втор.
МАКС ФЕРСТАПЕН ЗА ВЛАКНО ПРЕД ЛЕКЛЕР
10/08/2022 11:34:00 AM
0
Share to other apps