Денес два тима ги потврдија своите возачки постави за следната 2023 сезона. Пјер Гасли ќе му биде тимски колега на Естебан Окон во Алпин, а Ник де Врис ќе го заземе местото на Французинот во АлфаТаури. Заедно со Де Врис, Јуки Цунода ќе продолжи да настапува на АлфаТаури.
Пјер Гасли: "Среќен сум што ќе се приклучам на семејството Алпин и ќе започнам ново поглавје во мојата кариера. Да се вози за тим со француски корени е нешто посебно. Ги знам нивните силни страни, бидејќи се борам со нивните возачи во последниве години. Напредокот и амбициите на тимот се многу импресивни."
"Сакам да му се заблагодарам на Ред Бул за деветте заеднички сезони. Благодарение на нивната поддршка и доверба, станав Формула 1 возач, а нашите достигнувања со АлфаТаури во последните години се навистина феноменални."
"Зборувајќи за иднината, сакам да дадам се од себе и да го искористам целото мое искуство за да се борам за подиуми и на крајот да придонесам за предизвикот за освојување на некоја титула што тимот на Алпин си го има поставено."
Ник де Врис:" Многу сум возбуден што ќе се приклучам на тимот на АлфаТаури од следната 2023 сезона. Им благодарам на двата тима на Ред Бул за можноста да возам во Формула 1. По Формула 2, се тркав во различни тркачки серии, но секогаш сонував за Формула 1, и сега сум благодарен за оваа можност. Имав многу можности да го проценам 2022 болидот и верувам дека тоа ќе ми помогне да се подготвам за претстојната сезона."
"Поголемиот дел од мојата младост се тркав во картинг во Италија, така што се чувствувам како дома во оваа земја и мило ми е што ќе се приклучувам на овој италијански тим. Со нетрпение очекувам да се сретнам со сите за да почнам да градам односи пред следната сезона."
ОФИЦИЈАЛНО: ПЈЕР ГАСЛИ ВО АЛПИН, НИК ДЕ ВРИС ВО АЛФАТАУРИ
10/08/2022 05:02:00 PM
0
Share to other apps