Макс Ферстапен ги победи возачите на Мерцедес АМГ на квалификациите за Големата Награда на Мексико Сити, забележувајќи ја неговата шеста Пол позиција во сезоната и 19-та во неговата Ф1 кариера. Со него од првиот ред, трката ќе ја стартува Џорџ Расел, додека вториот ќе го делат Луис Хамилтон и Серџо Перез.
Макс Ферстапен, и покрај тоа што не изгледаше фаворит во овој случај, со извонреден круг успеа да се најде на врвот од табелата. Гледавме интересни квалификации полни со адреналин, со блиски битки во речиси сите делови на поредокот.
Макс Ферстапен кога беше најпотребно "исцеди" дополнителни милисекунди од РБ18 и ги победи возачите на Мерцедес АМГ, кои се чинеше дека се најголемите фаворити за првиот стартен ред. Холанѓанецот го натера на грешка Луис Хамилтон во првиот брз круг, додека Џорџ Расел во неговиот втор обид.
Серџо Перез, исто така, се обиде, беше блиску до најбрзите, но успеа само да ја обезбеди четвртата стартна позиција, пред Карлос Саинц Јр, кој овојпат беше подобриот возач на Ферари.
Изненадувачки Валтери Ботас заврши шести, пред Чарлс Леклер на седмата позиција. Ландо Норис успеа да ги победи возачите на Алпин, Алонсо пред Окон, кои го заокружија Топ 10 поредокот.
Престигнувањето на патеката Браќа Хернандез не е лесно ниту со три ДРС зони, стартната позиција е важна, но досега имаме само две победи при стартување од Пол позицијата по враќањето на патеката во календарот. Во 2015 година, Нико Розберг стартуваше и заврши прв, а во 2016 година, Луис Хамилтон.
Оттогаш многу работи се променија, но домашните фаанови продолжија да го чекаат успехот на нивниот сонародник Серџо Перез. Оваа година тој веќе победи на две трки и е еден од фаворитите, возејќи шампионски болид.
Во петокот, Џорџ Расел го забележа најбрзото време, а неговата брзина беше потврдена и на саботниот тренинг. Двајца возачи ги започнаа квалификациите, знаејќи дека ќе ги загубат освоените позиции.
Ленс Стол е казнет со три стартни места за инцидентот со Алонсо од минатата трка, а Магнусен доби казна од пет места во Мексико Сити за замена на моторот од Ферари ПЕ.
Пирели за оваа трка ги донесе C2, C3 и C4 смешите во улогата на бели, жолти и црвени гуми. Возачите имаа проблем да ги донесат гумите во нивниот работен опсег, како припрема за брзиот круг.
Поради недостатокот на потисна сила, црвените гуми ја задржаа нивната ефикасност во неколку брзи кругови, нешто што многумина го искористија.
Во Q1 сесијата многу возачи се пожалија на густиот сообраќајот, тимовите чекаа оптимален момент да ги напуштат своите гаражи за да ги загреат гумите во првиот круг, а во вториот или третиот да го забележат најбрзото време.
Ферстапен поведе при првиот обид, но се откажа од вториот. Тоа го искористи Луис Хамилтон кој стигна до најбрзото време. Од понатамошната борба отпаднаа Мик Шумахер, Себастијан Ветел, Ленс Строл, Алекс Албон и Николас Латифи.
Во Q2 сесијата, возачите на Ред Бул за својот прв брз круг се решија да користат употребувани црвени гуми, останатите излегоа на патеката на нов сет. Дуото на Мерцедес АМГ беше далеку најбрзо на патеката. Луис Хамилтон беше на врвот, пред Џорџ Расел, кој го имаше второто време, заостанувајќи минимални 13 илјадитинки.
При вторите брзи круга Хамилтон не се подобри, но Саинц Јр. успеа да ги раздели со Џорџ Расел, доближувајќи се на осум илјадитинки до врвот. Првите пет најбрзи возачи се вклопија во разлика од само 0.063 делови од секундата.
Даниел Рикиардо, Џоу Гуанју, Јуки Цунода, Пјер Гасли и Кевин Магнусен не се пласираа во финалниот сегмент од квалификациите.
Во Q3 сесијата, Естебан Окон и Ландо Норис за првиот брз круг избраа стари црвени гуми, додека другите возеа со нови. На голема радост на домашните навивачи, Серџо Перез беше првиот кој го предводеше редоследот, но потоа падна на третото место. Побрзи беа Ферстапен и Расел.
Холанѓанецот беше првиот возач што ја спушти границата под 1:18. Луис Хамилтон при првиот обид излета од патеката во третиот свиок и неговиот круг беше избришан.
Во вториот обид, Џорџ Расел направи грешка во 12-от свиок по што му беше избришано времето.
Макс Ферстапен, во вториот негов обид, возеше уште побрзо и заврши три десетинки пред најблискиот ривал.
МЕРЦЕДЕС АМГ ДЕЛУВАА КАКО ФАВОРИТИ, НО МАКС ФЕРСТАПЕН Е НЕВЕРОЈАТЕН ВОЗАЧ
10/29/2022 11:46:00 PM
0
Share to other apps