Мерцедес АМГ го приреди изненадувањето на денот во Мексико. Џорџ Расел беше најбрзиот возач на саботниот тренинг, со една десетинка предност во однос на својот тимски колега, Луис Хамилтон.
Ред Бул и Ферари беа далеку зад Сребрените стрели. Макс Ферстапен заврши на третото место, со заостануваање од четири десетинки, а Леклер беше четврти, седум десетинки зад најбрзото време. Вторите возачи на овие тимови беа следни, Перез на 5-тото, Саинц Јр. на 6-тото место на табелaтa.
Вториот тренинг во Мексико Сити беше наменет за Пирели за да ги тестира прототипите на гумите за 2023 година, па тимовите на денешниот тренинг брзаа да го завршат она што не можеа да го тестираат во петокот поради намаленото време и многуте црвени знамиња.
Состојбата на патеката се подобри, болидите помалку пролизгуваа низ свиоците од самиот почеток на тренинг сесијата, па со тоа следуваа и многу побрзи времиња по круг, но грипот сè уште не беше доволен на потврдите смеши на Пирели.
Повеќето возачи традиционално ја започнаа сесијата со кратки серии на кругови на црвените гуми, а потоа се префрлија на потврдите за симулација на тркачки услови. Сесијата помина без поголеми проблеми.
Мик Шумахер на два пати излетуваше без последици по болидот, но уништи комплет на гуми. Излетувања надвор од границите на патеката имаа и Гасли, Хамилтон и Ферстапен.
Фернандо Алонсо пропушти речиси половина од сесијата, бидејќи неговите механичари ја менуваа предната амортизација на неговиот болид.
ОДЛУКА НА ФИА ЗА ЦРНО/ПОРТОКАЛОВОТО ЗНАМЕ: За време на тркачкиот викенд во Мексико, ФИА ги извести тимовите дека правилото за црно и портокалово знаме повеќе нема да се применува од оваа трка во одредени прилики.
Овие знамиња се покажуваат на возачот чиј болид добил механички оштетувања што претставува опасност и за него и за другите учесници во трката, а тоа е сигнал дека тој мора да застане во боксот на својот тим во следниот круг.
Ако тимот го реши проблемот, возачот може да се врати на патеката, но само откако ќе добие дозвола од претставникот на ФИА.
Ова знаме нема да се покажува во три случаи: доколку се скршени страничните делови на предното крило, под услов хоризонталните елементи да не се оштетени, мали аеро елементи на болидите, особено крилата над каналите за ладење на сопирачките, и ако ретровизорите се оштетени.
Доколку тркачкиот директор има какви било сомнежи, тимот мора да обезбеди потврда дека оштетувањето не е од опасна природа. Ако тимот смета дека оштетениот елемент не може да предизвика проблеми, но потоа се појави некаква неволја, тогаш ова ќе биде проследено со казна.
Во појаснувањето на ФИА доставено до тимовите се појаснува дека доколку ретровизорот падне без надворешно влијание, возачот мора да се врати во боксот, бидејќи во овој случај постои ризик дека кршењето е предизвикано од дефект на дизајнот. Ако огледалото е скршено како резултат на контакти со други болиди или други надворешни влијанија, тогаш возачот може да продолжи да се движи.
МЕРЦЕДЕС АМГ - ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА Е НАША
10/29/2022 08:29:00 PM
0
Share to other apps