Новинарите кои работат во падокот на Големата Награда на Соединетите Држави известуваат дека ФИА е во преговори со Ред Бул, нудејќи им да се произнесат за виновни за прекршување на финансиските регулативи, но деталите од оваа дискусија засега остануваат доверливи.
Раководството на тимот од Милтон Кејнс ќе треба да одлучи дали се подготвени да се согласат со заклучоците донесени од комисијата за контрола на буџетот на ФИА или не, по што случајот ќе биде предаден на специјална стручна комисија.
Доколку признаат вина ќе следува поблага казна и ќе се избегне судски процес, каде казната може да биде посериозна или пак ослободителна.
Во Ред Бул сè уште инсистираат на тоа дека одредени одредби од финансиските регулативи може да се толкуваат на различни начини и уверуваат дека немало прекршувања.
Другите тимови, лузерите, мислат поинаку и бараат федерацијата максимално да ги казни за пречекорување на буџетот. Ред Бул за денес имаше најавено прес-конференција на оваа тема, но таа беше откажана.
Наместо тоа, Кристијан Хорнер и претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем ќе одржат доверлив состанок по кој може да се даде изјава.
НАШЕ МИСЛЕЊЕ: Кога се воведуваше ограничениот буџет, беше дадена една пробна година во која тимовите требаше да се обидат да ја поминат сезоната во рамки на ограничениот буџет. Сите тимови успеаа да бидат во близина на границата.
За втората година, 2021 сезона, кога ограничениот буџет стана задолжителен, казните беа познати пред почетокот на шампионатот, со препорака дека помалите пречекорувања нема да се казнуваат строго.
Никој од сега, лузерите, немаше ништо против. Казните беа познати и тогаш, па немавме нити една изјава на таа тема. Сега плачат на мегафони! Се со цел да ја сокријат својата неспособност. Лошото е што во Формула 1 има еден шампион, и многу губитници.
ФИJАСКО НА ФИА: Иако доби нов претседател, федерацијата продолжува со старите навики. Нетранспарентност и тајни преговори и договори со тимовите. Зошто? Затоа што премногу зависат од нив и од нивните уплати во "ограничениот буџет" на федерацијата.
А, веќе многу пати е докажано дека каде се парите, ништо не е друго важно, па нити начелата и принципите кои наводно се застапуваат: еднаквост,еднаквост и еднаквост на сите! Се додека ФИА не застане цврсто на свои нозе, истото ќе се случува и во иднина. Се уште е "свеж" нејзиниот таен договор со Ферари околу нивната Погонска Единица. Легална или Нелегална? Прашање на кое нема одговор до денес.
КАДЕ СЕ ЗЕЗНА РЕД БУЛ? Како што напоменавме, ФИА обожава да биде мистериозна, па мораме да се занимаваме со гласини и шпекулации. Решивме да веруваме на РејсингЊуз365.
Износот со кој Ред Бул го надминал ограничениот буџет е 1.8 милиони евра, а четири области се посочени како критични и тоа: трошоците за задолжителните паузи на вработените кои го напуштаат тимот и боледувања, угостителски услуги во мотодомот, резервни делови и даноци поврзани со британските власти.
Еден час откако Макс Ферстапен беше прогласен за шампион, шефот на Ред Бул добил повик од ФИА, се шпекулира со името на Шаила-Ан Рао, привремениот генерален секретар на федерацијата и советник на Мерцедес АМГ во таа фамозна 2021 сезона, со потврда дека ја надминале буџетската граница. Следниот ден прекршувањето беше и јавно обелоденето.
Веќе претходно имаше протекување на информации од ФИА, најверојатно од поранешната вработена до својот поранешен тим, Мерцедес АМГ, кој како и секогаш наведува друг тим, овој пат Ферари, да излезе прв во јавноста и да ги изнесе во тој момент шпекулациите за прекршување на ограничениот буџет.
Не знаеме зошто Италијанците си дозволија да бидат вмешани во овие игри, дали последица т.е. враќање на услугата на Ред Бул, кои пак беа искористени од Мерцедес АМГ во нивниот случај со наводно нерегуларната нивна погонска единица.
Проблемот настана со различното толкување на правилата од страна на Ред Бул и Федерацијата(Мерцедес АМГ). Според пресметки на тимот, тие имале на располагање уште 4.1 милиони долари од 145-те дозволени.
Според пресметките на федерацијата, трошоци поврзани со задолжителниот период на отсуство и боледувања: 820.000 евра, трошоците за угостителство во мотодомот: 1.2 милиони евра, расходи на резервни делови и даноци што треба да се платат во Обединетото Кралство, додале 5.9 милиони евра на буџетот што од минус 4.1 милиони евра, станале плус 1.8 милиони евра од лимитот за трошење.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.