ФИА ја сумираше истрагата за инцидентот што се случи за време на трката во Јапонија, каде во услови на ограничена видливост, на патеката влезе кран за да го отстрани болидот на Карлос Саинц Јр., што за малку ќе доведеше до тежок инцидент со болидот на Пјер Гасли.
Анализата на инцидентот беше иницирана од Центарот на ФИА за далечински операции, ROC, кој се наоѓа во Женева. Овој центар е создаден на почетокот на оваа сезона и дава поддршка на тркачкиот директор за процедурални, спортски и регулаторни прашања.
Беше реконструирана целосната хронологија на инцидентот врз основа на видео снимки и телеметрија, изјави на маршалите и стјуардите во Сузука кои ја имаа во предвид состојбата на патеката.
Беше оценето однесувањето на возачите, работата на маршалите и возачите на камионите/крановите за отстранување на болиди. Како резултат на анализата, преземени се голем број безбедносни мерки. ФИА е посветена на континуирано подобрување за да се избегнат ситуации како онаа во Сузука, или барем да ги направи трките уште побезбедни.
СТАРТ НА ТРКА: Иако врнеше, условите беа погодни за регуларен почеток на трката. По формациските кругови, сите тимови избраа интермедија гуми, што го комплицираше управувањето на болидите во првите кругови.
РАБОТАТА НА МАРШАЛИТЕ: Испитувањето покажа дека се почитувани сите процедури на ФИА. По инцидентот со Ферарито на Карлос Саинц Јр. во 12-от свиок, трката беше неутрализирана од безбедносниот автомобил, по што маршалите влегоа на патеката, како и возилата за отсранување на болиди.
Експертите забележале дека во такви услови подвижниот кран не требало да тргне додека сите болиди не се наредат зад безбедносниот автомобил. Освен тоа, маршалите и останатите возила можат да се појават на патеката, зад безбедносното возило, само доколку временските услови и локацијата на болидите што треба да се евакуираат дозволуваат оваа работа да се изврши брзо и безбедно.
Со оглед на временските услови и ограничената видливост, маршалите, во моментот кога беше објавен режимот на безбедносен автомобил, а потоа трката беше стопирана, болидот на Пјер Гасли кој беше во боксот не беше веднаш забележан.
Раководството на трката не секогаш ги следи болидите кои влегле во бокс зад безбедносното возило, бидејќи вниманието е насочено кон инцидентот и неутрализирање на трката со безбедносниот автомобил.
По пит-стопот, Пјер Гасли се враќа на патеката и се обиде да ја стигне групата болиди, со оглед на потребното време за делта зад безбедносниот автомобил. Кога пристигнал на местото на инцидентот, маршалите работеле со кран на патеката.
Иако е нормална процедура за кранот да влезе на патеката, откако трката е неутрализирана, се дебатираше дали тоа влегување било прерано под овие околности. Комисијата препозна дека прашањето за влегување на опремата за евакуација во Сузука во такви услови е многу чувствително, со оглед на трагичните инциденти од минатото.
Комисијата одлучи дека би било попаметно да се одложи влегувањето на кранот на патеката. Комисијата препозна дека е важно да се вложат максимални напори за безбедно отстранување на болидите. Исто така, беше препознаено дека кога безбедносниот автомобил се користи за неутрализирање на трка, ФИА има контрола врз болидите директно зад него, но нема доволно контрола врз болидите на други места на патеката.
ОДНЕСУВАЊЕ НА ВОЗАЧИТЕ: Според правилата, возачите треба да ја ограничат брзината под жолти или црвени знамиња, како и зад безбедносниот автомобил. Покрај тоа, тие мора да се постапуваат со крајна внимателност.
Во случајот со Гасли, телеметријата покажува дека во обид да ја намали разликата со безбедносниот автомобил до местото на инцидентот на болидот на Саинц Јр., тој возел со брзина поголема од 200 км на час, па дури и откако го поминал уништениот Ферари под црвено знаме.
Треба да се напомене дека после тоа тој изрази жалење на сослушувањето со стјуардите, поради што беше казнет.
ПНЕВМАТИЦИ: На средбите се разговараше за карактеристиките на денешните гуми за дожд. Техничкиот оддел на ФИА и производителот на гуми соодветно го разгледуваат.
РЕКЛАМНИ БИЛБОРДИ: Прашањето за монтирање на билборди, нивниот дизајн, локација и материјали е постојано под контрола.
ДРЕНАЖА: ФИА и сопствениците на патеката разговараат за подобрување на системот за одводнување во Сузука.
По Големата Награда на Јапонија, преземени се следните мерки и ќе стапат на сила од овој викенд.
- Тимовите ќе бидат информирани за влегување на специјалните возила на патеката преку официјалниот систем за комуникации, и тие се обврзани да ги информираат своите возачи за тоа.
- Ќе биде развиен нов систем за лоцирање на сите болиди на патеката за време на виртуелниот и физичкиот режим на безбедносниот автомобил. Интеракцијата помеѓу тркачкиот директор и ROC ќе биде оптимизирана. Конкретно, ќе се разгледа прашањето за контрола врз болидите кои влегуваат во боксот во режим на безбедносен автомобил.
- Тркачкиот директор ќе разговара за инцидентите на Сузука на брифингот на возачите за време на Големата Награда на САД за да објасни што планира ФИА да спроведе за да се избегнат слични ситуации во иднина.
- Зад безбедносниот автомобил ќе се појави динамичен брзински делта режим, возачите ќе видат каде се случил инцидентот со цел да се намали брзината во овие области.
- Заедно со тимовите, ќе има преглед на преседани за казнување на возачите за непочитување на правилата за жолти знамиња, двојни жолти знамиња, виртуелни и реални режими на безбедносниот автомобил.
- ФИА ќе го разгледа поставувањето на билбордите, нивната конструкција и употребените материјали за да се избегне можноста тие да се одвојат и влетаат на патеката.
Дополнително, ФИА ќе ги преземе следните активности:
- За преостанатите трки од 2022 сезоната, ФИА нема да го користи систем за ротација на функзијата тркачки директор. Почнувајќи од Големата Награда на САД во Остин и следните трки во Мексико, Бразил и Абу Даби, Нилс Витич ќе биде тркачки директор.
- За време на Јапонското Гран При, правилно се применуваше членот 6.5 од Спортските регулативи на Ф1, кој се однесува на временските ограничувања на трката и распределбата на бодовите. Но, формулацијата на регулативата ќе биде ревидирана за да се обезбеди поголема јасност.
ФИА ИЗВЛЕЧЕ ПОУКИ ПО ХАОТИЧНОТО ЈАПОНСКО ГРАН ПРИ
10/21/2022 08:18:00 PM
0
Tags
Share to other apps