ФИА ги објави одлуките донесени по состанокот на Комисијата за Формула 1.
Меѓу промените што треба да се спроведат, Федерацијата ќе ги анализира сегашните болиди за да го намали прскањето во дождливите трки, употреба на ДРС-системот уште од првиот круг, зголемување на оштетата кои тимовите ќе ја добиваат за спринт викендите, воедно ќе се преиспитаат казните за промени на делови од погонските единици.
Ова беше последен состанок на Комисијата за Формула 1 на ФИА за оваа година, а ова е резиме на одобрените промени за подобрување на врвниот мотоспорт.
1. Преиспитување на регулаторниот и судскиот процес.
Комисијата беше информирана дека ФИА презема сеопфатен преглед на спортските регулативи за 2024 година како дел од нејзината континуирана посветеност на еволуцијата и усовршувањето на нејзините регулаторни процеси.
ФОМ и тимовите ќе бидат консултирани за текот на ревизијата, а сите последователни промени се очекува да бидат одобрени до крајот на април 2023 година. Дополнително, ФИА ќе изврши општа ревизија на својот судски процес за 2024 година.
2. Новини при влажна патека.
Повратните информации од возачите сугерираат дека има намалена видливост при екстремно влажни услови со оваа најнова генерација на болиди, што е клучна одредница при стартување или прекинување на сесиите.
Затоа, ФИА започна студија за дефинирање на пакет делови со цел да се сузбие прскањето што се создава при возење во влажни услови.
Студијата се фокусира на следново: Дефинирање на стандарден комплет за каросерија, чија цел е да се намали прскањето на гумите во влажни услови со употреба на минимална каросерија над тркалата (лак над тркалата).
Потоа, разбирање на влијанието на површинските води во функционирањето на Вентури тунелите.
Осигурување дека дизајнот нема прекумерно да го попречува менувањето на гумите за време на пит-стоп.
Дополнителни светла за подобрување на видливоста на болидот.
Уредите треба да се монтираат само пред трка или за време на црвено знаме поради екстремни влажни услови.
Прелиминарната работа и првичниот концепт беа претставени на Комисијата, а ФИА ќе продолжи да работи на рафинирање на предлозите, а дополнителни ажурирања се очекуваат во 2023 година.
3. Грид казни поврзани со погонските единици.
Комисијата разговараше за можни ажурирања на казните во врска со погонските единици. Беше договорено дека сегашниот систем не е доволно силно одвраќање за тимовите да прават стратешки промени на делови од ПЕ и поттикнува промена на повеќе елементи отколку што е потребно откако возачот ќе акумулира повеќе од одредено ниво на казна.
Ова на крајот предизвикува повисоки трошоци за делови и ги поткопува годишните ограничувања на елементи на ПЕ. Ова ќе продолжи да се дискутира на советодавните комитети за спорт и моќност за понатамошна анализа и доработка.
4. Загревање на гумите за 2023-2025 година.
Целта на ФИА и ФОМ останува да се отстранат покривките за загревање на гумите за 2024 година, но по бројни дискусии и повратни информации од возачите, Комисијата одлучи да ги одложи сите конечни одлуки до јули 2023 година, овозможувајќи дополнително собирање податоци и повратни информации за тестирање за целосно информирање на заклучоците.
5. Активирање на ДРС-системот по старт, рестарт по безбедносниот автомобил.
Комисијата го одобри предлогот за проценка на методот за задржување на болидите поблсику еден до друг и поттикнување на претекнувањето со активирање на ДРС-системот во првиот круг од трката или спринт сесијата, односно по рестарт по завршување на периодот на безбедносен автомобил.
Ова ќе се тестира за време на секоја Спринт сесија во 2023 година со цел да се воведе за сите трки во 2024 година.
6.Правила на затворен паркинг (Parc Ferme) за време на викендите со Спринт формат.
Беа дискутирани ажурирањата во врска со начините за поедноставување на правилата кои важат кога болидите се наоѓаат во режим на затворен паркинг во викендите што вклучуваат Спринт сесија.
Како што претходно беше забележано од страна на Комисијата, викендите што вклучуваат Спринт сесија поставуваат дополнителни оперативни барања за ФИА поради значителното зголемување на барањата од страна на тимовите помеѓу квалификациите и Спринтот.
7. Надомест на штети од инциденти.
Системот што е во функција за справување со влијанието на штетите од инциденти за време на викендите со Спринт ќе биде поедноставен. Распределбата на надоместокот на штети од инциденти ќе се замени со фиксен износ по тим, по викенд кој вклучува и спринт сесија.
Комисијата го одобри предлогот за зголемување на износот на надоместокот за секој Спринт од 150 илјади на 300 илјади долари од 2023 година. Сите други надоместоци за Сприн ќе бидат отстранети.
8. Технички и финансиски прописи.
Малите измени на Техничките и финансиските регулативи од 2023 година беа едногласно одобрени. Дополнително, регулативите кои воведуваат дополнителни, построги барања за цврстината на рол-барот над возачот беа финализирани за воведување во 2024 година.
Сите регулаторни промени се предмет на одобрување од страна на Светскиот совет за моторни спортови.
ГЛАВНИ ОДЛУКИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ФОРМУЛА 1
11/18/2022 08:50:00 PM
0
Share to other apps